Амал Клуни: 8 работи кои никогаш не би ги облекла на себе

Сите се согласни дека ангажманот на Амал Клуни како посветена адвокатка за човекови права е за пофалба, но факт е дека нејзиниот префинет стил на облекување постојано предизвикува поголемо внимание.

amal-kluni-8-raboti-koi-nikogash-ne-bi-gi-oblekla-na-sebe-6_copy.jpg

Сопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни, благодарение на својот непогрешлив вкус за облекување, ужива голема наклонетост во модниот свет, а е стилска икона за многу жени.

Иако поради природата на работата мора добро да внимава како се облекува, Амал секогаш успева да внесе и нешто ново, иновативно и оригинално во своите комбинации.

Знае како да си игра со деталите, кроевите, боите, дезените...

amal-kluni-8-raboti-koi-nikogash-ne-bi-gi-oblekla-na-sebe-2.jpg_copy_copy.jpeg

Сепак, во нејзината импресивна колекција облека во гардероберот, некои работи нема никогаш да ги видите. Амал секогаш избира парчиња во кои добро се чувствува и кои и прилегаат на фигурата, а на тој список не се наоѓаат следните нешта:

1. Хеланки

Во слободното време, хеланките се парче кое Амал никогаш не би го облекла на себе. Наместо нив, преферира да носи фармерки.

2. Рамни чевли

Амал Клуни ги избегнува сите видови на рамни чевли, па многу ретко ќе ја видите во балетанки или во мокасини, кои повторно се голем хит. Затоа, пак, чевлите со висока потпетица се нејзиниот прв избор, бидејќи одлично се вклопуваат во деловните комбинации.

amal-kluni-8-raboti-koi-nikogash-ne-bi-gi-oblekla-na-sebe-3.jpg.jpeg

3. Карирани кошули

Елегантната адвокатка за човекови права ги избегнува  и карираните кошули, а попрво се одлучува за софистицирана комбинација на сако и свилена блуза.

 4. Широка облека

Иако „oversized“ модата е голем хит последните неколку сезони, госпоѓата Клуни е доследна во изборот на кроеви кои ја следат линијата на телото, ласкајќи на нејзината совршена фигура.

amal-kluni-8-raboti-koi-nikogash-ne-bi-gi-oblekla-na-sebe-5.jpg_copy.jpeg

5. Маици со принт

Иако трендсетерките се вљубени во нив, па со задоволство ги носат и за вечерни пригоди, Амал никогаш не сме ја виделе во маица со принт. Ги избегнува и дезенираните маици, но затоа ги обожува впечатливите панталони.

6. Патики

Патиките дефинитивно не се на списокот на омилена облека на Амал Клуни - таа попрво носи чизмички.

7. Мали чанти

За зафатената госпоѓа Клуни, малите чанти не се нималку привлечни. Таа секогаш се одлучува за популарните и елегантни, но пространи модели на чанти.

8. Шалови

Амал не го сака овој моден детаљ. Нејзиниот избор се добри очила за сонце, а најмногу ги претпочита моделите со големи рамки.

amal-kluni-8-raboti-koi-nikogash-ne-bi-gi-oblekla-na-sebe-1_copy.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Бои на облека со кои никогаш нема да погрешите, дури и кога не се во мода Без разлика на буџетот кој ќе го одвоите за купување гардероба, боите кои ги изб...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg