4 работи кои стилистите веднаш би ги исфрлиле од вашиот плакар

Веројатно во својот орман имате облека која не сакате да ја носите, или онаа која ви се допаѓа, но едноставно не ви одговара. Можеби дел од неа се ваши драги и омилени парчиња, но советот на стилистите е да им кажете „збогум“ што поскоро.

4-raboti-koi-stilistite-vednash-bi-gi-isfrlile-od-vashiot-plakar1.jpg

Нејзиното име е Микаела Ерлангер. Таа е една од најпознатите и најбараните стилистки во светот, за што во голема мера придонесе и нејзиниот ангажман околу изгледот на две познати дами – Лупита Нионго и Џенифер Хадсон.

Стилистката направи список на облека која треба да „исчезне“, за конечно да завладее ред во плакарот.

Ако и во вашиот дом се наоѓаат овие „скапоцености“, тогаш време е да се ослободите од нив:

1. Распар чорапи

4-raboti-koi-stilistite-vednash-bi-gi-isfrlile-od-vashiot-plakar2.jpg

Секој од нас има цела колекција од поединечни чорапи (бидејќи машината за перење редовно ја „јаде“ другата). Ерлангер советува дека првото нешто кое треба да го направите е да го ослободите вашиот плакар од „осамените“ чорапи. Ќе си го олесните животот, особено во утринските часови.

2. Бели маици кои се во лоша состојба

4-raboti-koi-stilistite-vednash-bi-gi-isfrlile-od-vashiot-plakar3.jpg

Белата маица е одлично парче облека, но не и оние маици кои се износени и во лоша состојба. Дури и ако ви се омилени, мора да се помирите со фактот дека никогаш повеќе нема да бидат нови, што ја оневозможува нивната повторна употреба. Белата маица треба да биде снежно бела, инаку (често) изгледа нечисто.

3. Неудобни чевли со висока потпетица

4-raboti-koi-stilistite-vednash-bi-gi-isfrlile-od-vashiot-plakar4.jpg

Погледнете во вашиот чевларник. Веројатно имате чевли кои се навистина убави, но за жал не можете да одите со нив. Доколку веќе сте ги носеле и се покажало дека потпетицата е многу повисока од што сте мислеле при пробувањето во продавница, или, пак, имате болки во нозете – збогувајте се од овие чевли. Направете место за нови, подеднакво убави, но многу поудобни чевли.

4. Фармерки кои не одговараат на вашата фигура

4-raboti-koi-stilistite-vednash-bi-gi-isfrlile-od-vashiot-plakar5.jpg

Фармерките го менуваат својот облик со тек на времето, па сосема нормално е по извесен период да не му прилегаат на вашето тело. Одвреме-навреме, прегледајте ги и испробајте ги сите фармерки, а потоа исфрлете ги сите оние кои не ги носите или не ви одговараат повеќе. И овој потег ќе ви биде од корист наутро, особено ако мора набрзина да одберете што ќе носите тој ден. Додека ги испробувате сите модели од орманот, веројатно ќе сфатите дека 80% од нив не се погодни за употреба.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
Убавата велешанка Татјана (21) доминираше на ревија на светски бренд во Франција (видео) Нашата Татјана Јанушева - Тати (21), која веќе неколку години гради интерна...
Плетен џемпер - парче облека кое мора да го имате оваа есен 2024 (фото) Оваа есен ништо не е пошик од плетениот џемпер, без оглед дали ќе купите нов или...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg