6 стилски лекции за Новогодишната ноќ
Главното прашање кое ги мачи девојките пред новогодишните празници е што да облечат за претстојните забави, поточно за новогодишната прослава.
За да не потрошите цело богатство на облека, а сепак да изгледате одлично, имајте ги на ум следниве совети:
1. „Освежете“ го малиот црн фустан со интересни додатоци
Необична чанта и впечатливиот накит, комбинирани со малиот црн фустан ќе направат да изгледате модерно и несекојдневно.
2. Додадете леопард принт
Изберете еден детаљ кој ќе го нагласите со овој принт: чанта, обувки, марама, здолниште, но никако немојте да претерувате, бидејќи во тој случај ќе добиете сосема спротивен ефект.
3. Повторно откријте ја неверојатната убавина на впечатливиот накит
Впечатливото ланче е нешто кое целосно го менува изгледот. Сепак, ако се определите за ваква варијанта, имајте на ум дека треба да имате едноставна и минималистичка облека.
4. 20-тите се повторно „ин“
Долгите блескави фустани, надополнети со бисерен ѓердан се нешто кое повторно е во мода и со кое ќе бидете кралица на новогодишната ноќ.
5. Празничен маникир
Ако преку целата година вашите нокти се нешто кое не го истакнувате премногу, сега е време за промени. Светките и несекојдневните нијанси совршено ќе го надополнат вашиот изглед и ќе направат да се чувствувате посебно.
6. Лелеави кадрици, црвен кармин и „зачаден“ поглед
Црвениот кармин и „зачадениот“ поглед се нешто што никогаш не излегува од мода. Изберете ја вистинската нијанса на кармин, а за промена наместо црна, искористете бронзена нијанса за очите и забавата може да почне.
М. С. | Црнобело