5 модни трикови од најмодерните Русинки за шик зима

Зошто да не изгледате модерно и убаво, дури и кога температурите ќе се симнат под нулата?

5-modni-trikovi-na-stiliziranite-Rusinki-za-sik-zima-01 copy

Ако постои некој кој најдобро знае да избере соодветна облека за ладните месеци, тоа секако се Русинките.

Неколку од најпознатите манекенки и блогерки зборуваат за тоа без кои парчиња облека не можат да ја замислат зимата...

1. Влада Рослјакова

„Шалот од кашмир е одлична инвестиција. Можете да го префрлите преку рамената додека сте во затворена просторија и така да се загреете, а надвор да го носите околу главата, без да ви ја уништи фризурата како што тоа би го направил шеширот“.

5-modni-trikovi-od-najmodernite-rusinki-za-sik-zima-1_1_copy.jpg

2. Валентина Зелјаева

„Како дете носев слоевита облека и традиционални војнички чизми со крзно. Мојата баба ми плетеше џемпери, чорапи и шалови кои ги носев замотани околу лицето за да се заштитам од студот. Денес обожавам да носам ролки. Мислам дека се многу модерни, а и многу топли“.

5-modni-trikovi-na-stiliziranite-Rusinki-za-sik-zima-02

3. Дарија Строкоус

„Најдете топол капут или јакна, за да не морате да облекувате многу слоеви облека или 15 џемпери, чие место е очигледно во пролетниот плакар“.

5-modni-trikovi-od-najmodernite-rusinki-za-sik-zima-1_2.jpg

4. Вика Газинскаја

„Во Русија се носи многу крзно, но со оглед на тоа што сум вегетаријанка, јас не го правам тоа. Наместо тоа, носам доста плетена облека, како и традиционален руски шал кој може да се комбинира на многу начини“.

5-modni-trikovi-od-najmodernite-rusinki-za-sik-zima1_4.jpg

5. Ања Зиоурова

„Сакам раскошни крзнени капути, а поседувам и крзнен шал кој одлично одговара со тоа. Зацрвенетите образи и насмевката одговараат на секаков вид крзно.

5-modni-trikovi-od-najmodernite-rusinki-za-sik-zima1_6.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари) Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg