Мишел Обама прекрасна во Gucci фустан со скриена порака (фото)
Заборавете на дебелите, топли џемпери - светкавиот фустан на Мишел Обама е во центарот на вниманието.
Првата дама на САД блесна за последната гала на претседателот Обама во Кенеди центарот.
Облечена во фантастична Gucci креација со деколте и спуштени раменици, сепак светот не остана само на убавината со која Мишел зрачеше.
Некои дури и најдоа скриена политичка порака во оваа празнична креација.
Со оглед на тоа што ова е првпат Мишел да не носи американски дизајнер на оваа манифестација, туку го одбрала добро познатиот италијански дизајнер, сите сфатија дека на тој начин се обидува да даде поддршка за политичката ситуација во Италија, односно за повлекувањето на италијанскиот министер Матео Ренци.
Ако на кратко ја игнорираме политиката и се фокусираме на фустанот - ќе сфатиме што значи вкус и апсолутен моден погодок:
М. Д. | Црнобело