Најнезаборавните, контроверзни и изненадувачки моменти во историјата на Victoria's Secret шоуто

Пред повеќе од две декади, Ед Разек, главниот маркетинг директор на Victoria's Secret добил повик од Лесли, „Лес“ Векснер. Повикот бил сосема вообичаен, но довел до масивни промени во модата и телевизиските шоуа.

najnezaboravnite-kontroverzni-i-iznenaduvacki-moemnti-vo-istorijata-na-victoria-s-secret-shouto-01.jpg

„Се сеќавам кога ми се јави Лесли. Јасно се сеќавам дека тој ми изјави „ние сме моден бренд и треба да имаме модна ревија“, а по долго мислење се согласив да бидам дел од „Victoria's Secret“ - вели Разек.

Тоа било во 1994-та година.

А, веќе во 1995-та година следело првото шоу на Victoria's Secret.

Да ги погледнеме најважните, најинтересните и најконтроверзните моменти во историјата на Victoria's Secret:

1995

„Се сеќавам дека имавме само две камери на располагање и воопшто не бевме среќни со шоуто. Но, следното утро се разбудивме и вестите за нас беа насекаде раширени“ - вели Разек.

najnezaboravnite-kontroverzni-i-iznenaduvacki-moemnti-vo-istorijata-na-victoria-s-secret-shouto-1.jpg

1996

Моделот Клаудија Шифер го носеше првиот градник од милиони долари.

1997

Наоми Кемпбел, Хелена Кристенсен и Ребека Ромиџин се појавија во романтично неглиже. Тајра Бенкс беше првата девојка од афроамериканско потекло која го носеше милионскиот градник.

najnezaboravnite-kontroverzni-i-iznenaduvacki-moemnti-vo-istorijata-na-victoria-s-secret-shouto-2.jpg

1998

За првпат се појавија крилјата на модната писта.

najnezaboravnite-kontroverzni-i-iznenaduvacki-moemnti-vo-istorijata-na-victoria-s-secret-shouto-3.jpg

1999

Шоуто за првпат беше пуштено онлајн во живо за да го гледаат два милиони луѓе ширум светот.

najnezaboravnite-kontroverzni-i-iznenaduvacki-moemnti-vo-istorijata-na-victoria-s-secret-shouto-4.jpg

2000

Шоуто беше одржано за време на Канскиот филмски фестивал.

2001

Шоуто за првпат се појавува и на телевизија, а Адријана Лима вторпат се појавува на пистата.

najnezaboravnite-kontroverzni-i-iznenaduvacki-moemnti-vo-istorijata-na-victoria-s-secret-shouto-5.jpg

2002

Шоуто станува дел од телевизискиот канал CBS. Џизел Бундшен беше малтретирана од ПЕТA демонстрантни.

najnezaboravnite-kontroverzni-i-iznenaduvacki-moemnti-vo-istorijata-na-victoria-s-secret-shouto-6.jpg

2003

Изложбата се одржува во Лексингтон авенијата во Њујорк, кога Стинг, Мери Џеј Блајџ и Ева настапуваат.

2004

Наместо шоуто, брендот се појави со емисијата „Angels Across America“.

2005

Тајра Бенкс за последен пат стапнува на модната писта.

2006

За првпат се појави брендот „PINK“.

najnezaboravnite-kontroverzni-i-iznenaduvacki-moemnti-vo-istorijata-na-victoria-s-secret-shouto-7.jpg

2007

Спајс Грлс настапуваат откако веќе се распаднаа како група.

najnezaboravnite-kontroverzni-i-iznenaduvacki-moemnti-vo-istorijata-na-victoria-s-secret-shouto-8.jpg

2008

Се случи неверојатниот настап на Ашер во Мајами.

2009

Брендот најави натпревар „Victoria's Secret Model Search“ во кој една девојка ќе стане модел и ќе зачекори на модната писта за шоуто. Тогаш беше одбрана Кајли Бисути.

2010

Шоуто уште еднаш беше одржано во Њујорк, а го одбележа настапот на Кејти Пери.

2011

Сите беа изненадени од настапот на Канје и Џеј Зи, дури и самиот маркетинг директор Разек.

2012

Брендот беше критикуван заради костимот кој го носеше Карли Клос, кој беше инспириран од Индијанците.

najnezaboravnite-kontroverzni-i-iznenaduvacki-moemnti-vo-istorijata-na-victoria-s-secret-shouto-9.jpg

2013

Настапи Тејлор Свифт.

2014

Сите ќе ја паметат оваа година по моментот кога изгледаше како Елса Хоск да ја удира Аријана Гранде со крилјата, но воопшто ништо не се случи. Она што добро се памети е изразот на пејачката.

najnezaboravnite-kontroverzni-i-iznenaduvacki-moemnti-vo-istorijata-na-victoria-s-secret-shouto-10.jpg

2015

Марија Боргес е првиот модел кој за првпат стапна на пистата со афро фризура.

2016

На шоуто ќе пејат Лејди Гага, Бруно Марс и The Weeknd, а ќе се одржи во Париз.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Машката мода на Мет гала 2024: Од впечатливи фустани и уникатни креации до класични костуми (фото) Формула 1 возачот, Луис Хамилтон облече плашт над костумот, евровизискиот победн...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Која е младата грофица што ги засени и најубавите жени на Модната недела во Милано? Изгледа како бунтовна и модерна Грејс Кели, а никој не останал рамнодушен на неј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg