„Burberry“ ја отвори празничната сезона на реклами (видео)
Постојат неколку светски брендови чии реклами секогаш се поврзани со новогодишните празници, па штом се појават знаeме дека празничниот период е веќе на прагот.
„Burberry“ е една од модните куќи чии реклами секоја година привлекуваат огромно внимание.
Сепак, за разлика од досегашните реклами, оваа година можеме да видиме нешто сосема поинакво.
Оваа година рекламата е посветена на основачот на модната куќа, Томас Барбери, а рекламата всушност претставува краток филм за неговиот живот во кој играат Доминик Вест, Домнал Глисон, Сиена Милер и Лили Џејмс.
Името на видеото е „Приказната за Томас Барбери“ (The Tale of Thomas Burberry) и накратко го претставува животот на човекот кој стои зад легендарниот мантил по кој брендот е препознатлив.
Сценариото е дело на Мет Черман, додека режијата му е доверена на оскаровецот Асиф Кападија.
М. С. | Црнобело