MINI Clubman и Bоggi Milano ја претставуваат уметноста на урбаниот џентелмен

Во шармантна фотосесија низ урбаниот метеж на Скопје, брендовите MINI и Boggi Milano ги дефинираат правилата и принципите на урбаниот џентелмен.

mini-clubman-i-b-ggi-milano-ja-pretstavuvaat-umetnosta-na-urbaniot-dzentelmen-001.jpg

Новиот MINI Clubman, со својот зрел карактер е израз на стил и самодоверба. Благодарение на британскиот дизајн и одличното германско инженерство, новиот MINI Clubman зрачи со современи „џентлменски” манири и првокласни квалитети.  Секоја педа е специфично урбана, уметнички изградена со неверојатна практичност. Со дополнителниот простор и флексибилноста, новиот MINI Clubman ја задоволува рационалноста и ги следи потребите на урбаните луѓе.

mini-clubman-i-b-ggi-milano-ja-pretstavuvaat-umetnosta-na-urbaniot-dzentelmen-1.jpg

Шармантиот, италијански моден бренд Boggi Milano е најновиот член на широкото портфолио на Fashion Group. Приказната за Boggi Milano започува во далечната 1939 година, со идејата во секое парче облека да се преточи италијанската извонредност и тежнеење кон промоција на добро препознатливиот милански стил и квалитет насекаде во светот. Денеска, сместен во центарот на градот Скопје, со подеднакво луксузниот HUGO BOSS, Boggi e новатa модна дестинација за модерниот македонски џентелмен кој го сака убавото облекување, без разлика дали станува збор за формална или лежерна облека.

mini-clubman-i-b-ggi-milano-ja-pretstavuvaat-umetnosta-na-urbaniot-dzentelmen-11.jpg

Комбинацијата на овие два бренда ја дава совршената доза на префинетост, умереност и страст, која со помош на фудбалерот Дарко Глишиќ, порталот Reborn и  AD Photography е пресликана во правила на вистинскиот џентелмен.

Според нив секој модерен џентелмен треба да ги исполнува следниве каратеристики:

(1) Урбаниот џентелмен секогаш внимава на својот изглед. Џентлменот е добро облечен, внимава на сите детали и секогаш изгледа најдобро што може.

mini-clubman-i-b-ggi-milano-ja-pretstavuvaat-umetnosta-na-urbaniot-dzentelmen-7.jpg

mini-clubman-i-b-ggi-milano-ja-pretstavuvaat-umetnosta-na-urbaniot-dzentelmen-6.jpg


(2) Урбаниот џентелмен чита, секогаш е информиран и во тек со случувањата.
Модерниот џентлмен е во тек со светот, со културата и светската политика. 

mini-clubman-i-b-ggi-milano-ja-pretstavuvaat-umetnosta-na-urbaniot-dzentelmen-2.jpg


(3) Урбаниот џентелмен работи.
Тој е вреден и посветен, ја сака својата работа, работи страствено и активно допринесува кон светот.

mini-clubman-i-b-ggi-milano-ja-pretstavuvaat-umetnosta-na-urbaniot-dzentelmen-4.jpg


(4) Урбаниот џентелмен знае да готви.
Џентелменот знае да избере добри состојки и да направи најмалку 3 добри јадења. Тој знае да одбере добро вино, ужива да готви за пријателите, но најмногу кога тоа го прави за својата дама.

mini-clubman-i-b-ggi-milano-ja-pretstavuvaat-umetnosta-na-urbaniot-dzentelmen-22.jpg

mini-clubman-i-b-ggi-milano-ja-pretstavuvaat-umetnosta-na-urbaniot-dzentelmen-24.jpg

mini-clubman-i-b-ggi-milano-ja-pretstavuvaat-umetnosta-na-urbaniot-dzentelmen-15.jpg


(5) Џентелменот не ги заборава старите правила на џентлменство.
Иако живее во модерно време, џентелменот знае дека негов најголем адут се старите добри манири.  Вистинскиот џентлмен знае да избере и да и подари цвеќе на својата девојка и на својата мајка и е секогаш културен со сите.

mini-clubman-i-b-ggi-milano-ja-pretstavuvaat-umetnosta-na-urbaniot-dzentelmen-12.jpg


(6) Урбаниот џентлмен останува верен на своето хоби и страст.
Модерниот џентлмен е секогаш „исполнет“. Тој е посветен на своето хоби и го прави добро. Иако ужива во својата работа, ги разбира тежините кои доаѓаат со истата – затоа неговото хоби е неговиот издувен вентил.

mini-clubman-i-b-ggi-milano-ja-pretstavuvaat-umetnosta-na-urbaniot-dzentelmen-18.jpg

mini-clubman-i-b-ggi-milano-ja-pretstavuvaat-umetnosta-na-urbaniot-dzentelmen-19.jpg

mini-clubman-i-b-ggi-milano-ja-pretstavuvaat-umetnosta-na-urbaniot-dzentelmen-17.jpg

Колекцијата за есен-зима 2016 на Boggi Milano, се одликува со темно сини нијанси, земјени бои, сиви и „бургунди“ тонови и елегантна црна боја. Класичниот и престижен изглед е претставен преку прецизната композиција на материјалите и вниманието посветено на деталите. Строги кроеви, геометриски шари, карирани елементи со доза на екстравагантност е стајлингот кој го дефинира независниот и автентичен маж, претставен преку модните парчиња на Boggi Milano.

MINI Clubman е најголемиот модел на MINI досега, располага со исклучителна стандардна опрема со дополнителна истакната ширина. Тој е сега удобен за пет патници, има странична клуб врата и специфична дводелна врата во задниот дел која се отвора со сензор.

mini-clubman-i-b-ggi-milano-ja-pretstavuvaat-umetnosta-na-urbaniot-dzentelmen-14.jpg

mini-clubman-i-b-ggi-milano-ja-pretstavuvaat-umetnosta-na-urbaniot-dzentelmen-16.jpg

Би можело да ве интересира:

4-годишно момче од Скопје е модна инспирација на Инстаграм „Инстаграм профилот на Алексеј е креиран од неговото раѓање, а како растеше сам ...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Бои на облека со кои никогаш нема да погрешите, дури и кога не се во мода Без разлика на буџетот кој ќе го одвоите за купување гардероба, боите кои ги изб...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
Удобни летни парчиња што ги има во гардероберот на секоја Скандинавка (и се секогаш тренди) Балетанки, лелеави здолништа и широки кошули – која друга летна гардероба е удоб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg