Во која боја ќе изгледате послаби, а не е црна?
Кога се чувствувате дебело, надуено или едноставно сакате да изгледате повитко, како по правило одбирате облека во црна боја.
Црната облека е одличен избор бидејќи е елегантна и практична, но некои стилисти велат дека црната не е бојата која најмногу и ласна на линијата.
Стилистката Џени Паолела Лучани тврди дека за добар изглед треба да комбинирате неутрални и темни бои со посветли и дречави.
Светлите бои би требало да бидат на оној дел на кој сте горди. Исто така, нагласува дека жените со облини не би требало да носат исклучиво црна и кафеава боја.
Уште еден трик кој се однесува на аксесоарите и накитот - ако сакаш да ја истакнеш клучната коска и да го одвлечеш вниманието од задникот, носи светол шал и впечатливи обетки.
Наместо црната боја таа препорачува дека морнарско сината и сивата боја имаат подобар ефект, посебно кога се работи за панталони, јакни и сакоа.
Овие две бои имаат моќ визуелно да ви намалат неколку килограми.
М. Д. | Црнобело