CELIO* - колекција за модерно секојдневие
За есен/зима 2016, дизајнерите на Celio* посветуваат особено внимание на француското потекло на брендот. Боите на француското знаме се особено застапени во неколку носечки парчиња за сезоната – палтата со дворедно закопчување, џемперите, чино панталоните и полнетите зимски јакни.
Во последните неколку сезони трендот на таканаречената “АCTIVE WEAR” е сè позастапен не само за спортување туку и за динамичното секојдневие на современиот маж. Во оваа колекција доминантна е сивата боја, во комбинација со бела и црна, како и различните нијанси на зелена.
Колекцијата “INDIGO” пак се фокусира на маици и кошули со разиграни принтови, неизбежните парчиња од џинс во кои доминира сината боја.
За поформален изглед тука се колекциите “CITY” и “SOFT” во кои можат да се најдат панталони, сакоа, кошули и блузи направени од удобни материјали, кои лесно се трансформираат од облека за во канцеларија до совршен изглед за викенд авантури.