7 грешки при изборот на облека заради кои делувате подебели отколку што сте

После целиот тој процес од секојдневно вежбање, јадење по еден тон овошје и зеленчук, трчање наутро, сè со цел до послаба фигура, не вреди впечатокот да го расипете со погрешен избор на облека.

7-greski-pri-izborot-na-obleka-zaradi-koi-deluvate-podebeli-otkolku-sto-ste-1.jpg

Ви требаат само неколку минимални корекции кои ќе ви помогнат дополнително да ги нагласите резултатите.

Потрудете се да се држите до овие 7 правила:

1. Големи, крупни дезени

Карираниот дезен може да ви изгледа модерен, но визуелно ќе ви додаде неколку сантиметри плус. Секогаш бирајте облека со ситни текстури и принтови.

7-greski-pri-izborot-na-obleka-zaradi-koi-deluvate-podebeli-otkolku-sto-ste-2.jpg

2. Хоризонтални принтови

Хоризонталното ја проширува фигурата - тоа е основното правило кое треба да го запаметите.

7-greski-pri-izborot-na-obleka-zaradi-koi-deluvate-podebeli-otkolku-sto-ste-3.jpg

3. Нападен декор

Големите карнери и набори ве прават за барем 2 броја поголеми. Обидете се да одбирате облека која има вертикални декорации, како на пример патенти.

7-greski-pri-izborot-na-obleka-zaradi-koi-deluvate-podebeli-otkolku-sto-ste-4.jpg

4. Големи принтови и хоризонтални елементи

Покрај тоа што хоризонталните пресеци, како на пример лентата или засекот околу струкот, ве прават помасивни, сандалите во случајов се уште една грешка. Најдобро е нив да ги замените со високи потпетици кои одговараат на тенот, а хоризонталните пресеци да ги замените со V отвори и шлицови.

7-greski-pri-izborot-na-obleka-zaradi-koi-deluvate-podebeli-otkolku-sto-ste-5.jpg

5. Заоблено деколте

Уште еднаш, V деколтето ви е подобар и поелегантен пријател отколку затворениот врат.

7-greski-pri-izborot-na-obleka-zaradi-koi-deluvate-podebeli-otkolku-sto-ste-6.jpg

6. Широки хоризонтални линии

Во шаренилото од линии и бои, ризикувате да ви се изгубат стеснувањата и облините на телото и да изгледате како да сте облекле безлична вреќа. Од друга страна, ситните линии ви ги нагласуваат деловите кои треба да се истакнат.

7-greski-pri-izborot-na-obleka-zaradi-koi-deluvate-podebeli-otkolku-sto-ste-7.jpg

7. Светли бои

Пример, шарата е иста, а бојата различна. Но, жената на првата фотографија изгледа многу пошироко, отколку онаа на втората. Плус, задолжително мора да внимавате на ширината на облеката - ако носите широки панталони, заборавете на широките маици и обратно.

7-greski-pri-izborot-na-obleka-zaradi-koi-deluvate-podebeli-otkolku-sto-ste-8.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
5 модни трендови за кои вреди да дадете пари сезонава (и 5 за кои не мора) Облеката и додатоците во бордо боја се огромен хит периодов, а бидејќи станува з...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg