Прирачник како да носите црна боја, без да изгледате тажно и здодевно?
-->
Елегантната и безвременска црна боја е нешто на кое секогаш се навраќаме колку и да бараме нешто ново.
Сепак, треба да знаете како да ја носите оваа боја и како правилно да ја комбинирате за да ја покажете нејзината софистицираност и елегантност.
-->
Следните трикови ќе ви помогнат да изгледате беспрекорно секогаш кога ќе се одлучите за црна комбинација.
1. Секогаш избирајте додатоци во впечатливи бои со кои ќе ја изразите вашата креативност и карактер
2. Избирајте црна облека која е поширока бидејќи припиената црна облека само дополнително ќе го истакне она што сакате да го скриете.
3. Играјте со текстурите и комбинирајте различни материјали за да добиете впечатлив изглед
-->
-->
4. Монохроматскиот изглед секогаш е вистински избор кога се двоумите што да облечете, бидејќи со него речиси и да не можете да згрешите.
-->
5. Црната боја е најдобриот избор за создавање асиметричност или геометриски јасна силуета.
6. Црната боја бара совршенство во секој поглед, па затоа ако ве мрзи да ја измиете косата или да се нашминкате подобро одлучете се за некоја друга боја.
-->
7. Црната боја може да направи да изгледате многу постаро ако немате соодветна шминка, па затоа секогаш водете сметка да имате барем малку шминка на лицето.
8. Слободно комбинирајте ја црната со други силни бои како зелена, жолта, црвена...
9. Црниот фустан со гол грб ќе направи да изгледате и да се чувствувате како божица, па воопшто не двоумете се да инвестирате во такво парче.
10. Црната тантела изгледа неверојатно секси и не може да се спореди со ниедна друга боја, па токму затоа е одличен избор.
М. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода
Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина
Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме...
Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции
Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед
Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар
Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...