Bоggi Milano поим за италијанска елеганција

boggi-milano-poim-za-italijanska-elegancija.jpg

Луксузот  на Милано и шармот на италијанската машка мода се спојуваат во новиот моден бренд на пазарот – Boggi Milano, кој го збогатува широкото портфолио на Fashion Group.

Сместен во центарот на градот, со подеднакво луксузниот HUGO BOSS, Boggi ќе биде нова модна дестинација за модерниот космополит кој го сака убавото облекување, без разлика дали станува збор за формална или лежерна облека.

Приказната за Boggi Milano започува во далечната 1939 година со идејата во секое парче облека да се преточи италијанската извонредност и тежнеење кон промоција на добро препознатливиот милански стил и квалитет насекаде во светот.

Италијанскиот идентитет е особено важен за овој моден бренд, па така пораката “Made in Boggi” се појавува како носечка и оваа сезона, заедно со истакнувањето на  вредностите на брендот како што се елеганцијата и потврдениот квалитет.

“Приказни од лифтот” е насловот на кампањата на Boggi за есен/зима 2016/17. Преку  ова место кадешто се среќаваат различни типови на мажи се доловува сржта на брендот – со специфичниот избор на облека, нејзиното комбинирање и модните додатоци секој маж ја изразува својата уникатност и својот карактер.

Неколку трендови доминираат во колекцијата за оваа сезона. Еден од нив е сивата боја, во различни комбинации кај различни парчиња. Стилот е класичен, рафиниран со чиста естетика и безвременска елеганција. Оделата имаат одличен крој, а материјалите рефлектираат квалитет и удобност која дава можност облеката да се носи на работа, но и надвор од канцеларијата.

Вториот тренд кој се забележува во колекцијата на Boggi Milano e таканаречениот “Arhitexture”, односно спој на геометриски форми и материјали. Палтата се во пруги, а се комбинираат со кошули со ситни коцки и вратоврски со разновидни форми, што му дава еден поинаков, побогат и подинамичен елемент на целосниот изглед. Тука се и карираните палта со дворедно закопчување, речиси секогаш дополнети со украсно марамче во контрастен дезен.

Студенилото на сината се среќава со потоплата кафена боја – уште еден од трендовите за актуелната сезона. Облека за модерниот космополит, кој посветува особено време на деталите.

Урбан поет е линија дизајнирана специјално за оние мажи кои имаат доза на поетичност и екстраваганција во својот карактер и појава. Современи, но со традиционална нишка, парчињата од оваа линија освојуваат со својата живост. Боја која доминира е специфичната зелено-сина, а материјалите се лесни и соодветни за моделите кои нудат удобност и лежерност, но и неизбежна елеганција и хармонија.

Индиго револуција е тренд наменет за авнгардниот маж секогаш подготвен да ужива во моментот, маж кој е одлучен и љубопитен, маж кој мрази конформизам, а ја сака единственоста во сè што прави. За него Boggi Milano нуди линија која поставува нови стандарди на машката елеганција,  играјќи со новите технологии при обработка на материјалите што му дава оригиналност на изгледот. Индиго револуција е полежерна линија, па освен палта, елеци и панталони овде се присутни и ролки, едноставни блузи и кошули, направени од волна, памук и тексас.

За оние кои ги следат најновите трендови, за вечните шармери и заводници тука е колекцијата “Black Fit” , комбинација на формален и лежерен изглед со кроеви кои ја следат линијата на телото и детали кои го истакнуваат карактерот на Boggi мажот.

Во студените зимски денови пак, јакните, џемперите и полнетите елеци се вистински избор за удобност, но и секогаш префинет изглед.

Изборот на модни додатоци за есен/зима е навистина богат, па така тука се чевлите, чантите, торбите за патување, вратоврските, марамчињата, копчињата за манжетни, ремените...Превртената кожа е особено актуелна на почетокот на сезоната и доаѓа во форма на ракавици, ремени, новчаници – парчиња кои рефлектираат одличен вкус и се пријатни на допир.

boggi-milano-poim-za-italijanska-elegancija-1.jpg

boggi-milano-poim-za-italijanska-elegancija-2.jpg

boggi-milano-poim-za-italijanska-elegancija-3.jpg

boggi-milano-poim-za-italijanska-elegancija-4.jpg

boggi-milano-poim-za-italijanska-elegancija-5.jpg

boggi-milano-poim-za-italijanska-elegancija-6.jpg

boggi-milano-poim-za-italijanska-elegancija-7.jpg

boggi-milano-poim-za-italijanska-elegancija-8.jpg

boggi-milano-poim-za-italijanska-elegancija-9.jpg

boggi-milano-poim-za-italijanska-elegancija-10.jpg

boggi-milano-poim-za-italijanska-elegancija-11.jpg

boggi-milano-poim-za-italijanska-elegancija-12.jpg

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Бои на облека со кои никогаш нема да погрешите, дури и кога не се во мода Без разлика на буџетот кој ќе го одвоите за купување гардероба, боите кои ги изб...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg