Втора романтична колекција на Лорен Конрад

Русокосата убавица е повторно подготвена да го освои светот на модата со неверојатни парчиња облека.

vtora-romanticna-kolekcija-na-loren-konrad-001.jpg

Секоја девојка би посакала барем неколку модели од новата колекција на Лорен Конрад во својот плакар, бидејќи ги има во изобилство, буквално за секоја пригода.

За својата втора колекција, Лорен објаснува дека истата е „на издигнато ниво, со полуксузни материјали и помодерни силуети, со подлабоки тонови кои создаваат по малку мрачно чувство“.

„Среќна сум што дизајнирав втора колекција, бидејќи имате повеќе знаење и одлично е да се види што сакаат клиентите. Научив дека мојот клиент навистина сака моторџиска јакна, па ја вративме во колекцијата достапна во 3 бои“, објаснува 30-годишната поранешна ријалити ѕвезда.

Колекцијата која ќе се дистрибуира преку американскиот моден бренд „Kohl's“ ќе содржи достапни броеви од XS до XL, а цената на парчињата се протега од $44 до $150 долари.

Погледнете ги прекрасните модни парчиња креирани според дизајнерската визија на Лорен:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg