5 костими за капење кои одлично стојат на мали гради
Изборот и купувањето на костим за капење никогаш не е така едноставен како што замислуваме или очекуваме да биде.
Секогаш штом го облечете моделот кој најмногу ви се допаѓа, на површина излегуваат многу „ситници“ кои не ви се допаѓаат. Дали делот кај градите е премногу отворен, или прави да изгледате подебела од што навистина сте, или долниот дел прави задникот да ви изгледа неубаво, и уште еден куп ситни забелешки до недоглед...
Сите вие кои имате мали гради, а сте во потрага по совршениот костим за капење изберете некој од следните 5 модели и сигурно нема да погрешите.
1. Француско бикини
Ако костимот за капење кој се врзува околу вратот не ви еден од омилените модели и воопшто не сакате горен дел со жица, изберете француско бикини. Иако ваквиот модел повеќе покрива, сепак ќе направи вашето деколте да изгледа убаво.
2. Костим со висок врат
Овој модел го добил своето име бидејќи горниот дел буквално се протега до самиот врат. Овој модел совршено ги покажува вашите рамена, а независно дали ќе се одлучите за дводелен или едноделен костим имајте на ум дека ова е еден од најдобрите модели за девојките со мали гради.
3. Костим во облик на марама за глава
На прв поглед делот каде се спојуваат двете корпи потсетува на делот каде се врзува марамата за глава. Мал е бројот на жени кои може да ја искористат можноста да го носат овој модел, бидејќи тој единствено изгледа убаво на мали гради. За да имате поубава силуета изберете модел кој има помалку набор на средината на горниот дел.
4. Костим со цик-цак преклоп
Доколку сакате да го покажете своето деколте, костимите за капење со ваков преклоп кои се врзуваат на грбот се одличен избор. Овој модел ви овозможува да го прекриете горниот дел онолку колку што сакате, без да се грижите дека нешто може да тргне наопаку.
5. Деколтиран едноделен костим
Овој деколтиран модел е навистина одличен, бидејќи ви дозволува да покажете онолку колку што сакате. Вие сте тие кои одредувате дали ќе имате плитко или длабоко деколте, и сето тоа само со еден костим.
М. С. | Црнобело