Што да понесете на еднодневно капење до Грција?
Еднодневните патувањата се одлична можност да се одморите, да наполните батерии за новата работна недела и секако, да се посончате и да фатите боја.
Но, пакувањето за нив може да биде стресно и напорно, а времето е кратко. Ако се прашувате што да понесете на еднодневен одмор до Грција, тогаш без грижа, нашата листа сигурно ќе ви помогне во тоа.
Еве како изгледа таа:
1. Сламена торба за на плажа
Одберете мала торба за на плажа која може(но, не мора!) да има додатоци на неа. Сѐ што е важно е таа да не биде премногу голема, да ги собира вашите основни работи за на плажа (книга, паричник, телефон...) и да биде лесна за носење.
2. Костим за капење
Логично, ако одите на еднодневно капење до Грција, дека за делот со капењето ви е потребен костим. Во последно време, едноделните костими се многу модерни, но ако сакате да се сончате, понесете бикини.
3. Тексас шорц
Еден пар ви е сосема доволен и ова е соодветно парче за на плажа. Белиот тексас моментално е многу популарен и тој ќе ве спаси од летните горештини. Во комбинација со обична бела маица и штосни сандали ќе изгледате совршено.
4. Накит
Доволно ви е едно парче впечатлив накит. Без разлика дали тоа ќе биде забавно ланче, неколку интересни прстени или белегзија, убаво е да имате малку накит со вас за да ја разубавите комбинацијата што ја носите.
5. Сандали
Сите знаеме колку е штетно носењето апостолки, па затоа сандалите се совршена алтернатива. Плус, тие лесно се транзиционираат од ден во ноќ и изгледаат сосема шик во било каква комбинација.
6. Кафтан или парео
Задолжително понесете кафтан или парео бидејќи сигурни сме дека не би сакале да пиете кафе на плажа само во костим за капење.
7. Шешир
Без разлика дали тоа е мала федора или шешир со широк обод, вистинската дама изгледа шик кога се заштитува од сонцето.
8. Очила за сонце
Освен што ви ги заштитуваат очите од штетните UV зраци од сонцето, очилата за сонце се совршениот моден додаток без кои ниедна модерна девојка не може. Сигурно не сака да мижите цел ден.
9. Ленена кошула
Може да ја носите како кафтан, но и за ручек или вечера во ресторан. Совршено повеќенаменско парче.
10. Макси фустан
Ако не сте љубител на шорцеви, макси фустаните се совршена алтернатива за грчките песочни плажи. Со макси фустаните го покривате телото, носите нешто удобно и притоа изгледате апсолутно модерно.
Секако, никаде не тргнувајте без заштитниот фактор и омилената книга.
С. С. | Црнобело