16 начини на врзување кои марамата ќе ја направат задолжително парче за летово

Секоја жена сака максимално да го искористи секое парче облека и да го носи што е можно повеќе и подолго.

16-razlicni-nacini-koi-kje-napravat-maramata-za-na-plaza-zadolzitelno-parce-za-ova-leto-001.jpg

Долгите марами за на плажа се едно од парчињата облека кои можат да се носат на толку многу различни начини и да се создадат навистина интересни и забавни изгледи.

1. Како долг фустан

Завиткајте ја марамата, така што 2 од 4-те краеви ќе ги врзете на грбот. Вака ќе добиете едноставен долг фустан кој е совршен за на плажа, а дури и за на ручек.

16-razlicni-nacini-koi-kje-napravat-maramata-za-na-plaza-zadolzitelno-parce-za-ova-leto-02

2. Асиметричен фустан со ремен

За да создадете интересна силуета, 2-та краја од фустанот врзете ги само на едната страна од грбот. Додадете ремен за да создадете баланс и интересен пар високи потпетици или сандали, во зависност од приликата.

16-razlicni-nacini-koi-kje-napravat-maramata-za-na-plaza-zadolzitelno-parce-za-ova-leto-03

3. Фустан без прерамки

Покажете ги рамениците, а марамата нека се вее. Завиткајте го парчето ткаенина околу телото и врзете ја странично, така што ќе создадете шлиц на едната нога. За секојдневен изглед, носете го фустанот со фармерки, а за трансформација од денска во ноќна комбинација, соблечете ги фармерките и додадете пар заводливи салонки со ремчиња.

16-razlicni-nacini-koi-kje-napravat-maramata-za-na-plaza-zadolzitelno-parce-za-ova-leto-04

4. Кимоно

Ако сакате да ја разиграте обичната блуза, тогаш носете кимоно. Спојте два од дијагоналните краеви од марамата и врзете ги. Овој изглед е совршен за со шорцеви бидејќи ве прави повисоки и повитки.

16-razlicni-nacini-koi-kje-napravat-maramata-za-na-plaza-zadolzitelno-parce-za-ova-leto-05

5. Блуза

Совршено за вечерен состанок. Во комбинација со омилените фармерки, здолниште во А-линија и секси потпетици ќе изгледате навистина заводнички. Врзете ја марамата околу телото исто како што би врзувале крпа по капење.

Наместо да ја врзете марамата низ целото тело, фатете ги првите два краја и врзете панделка околу рамото. Потоа, фатете ги вторите два краја и врзете ги околу половината.

16-razlicni-nacini-koi-kje-napravat-maramata-za-na-plaza-zadolzitelno-parce-za-ova-leto-06

6. Блуза без рамки

Овој тип на парче облека е задолжително за сите девојки во текот на летните месеци. Свиткајте ја марамата на пола и потоа врзете ја или напред  или одзади – во зависност од тоа дали сакате панделката да биде напред или назад.

Ако не ви се допаѓа идејата да покажувате толку мнгоу кожа, додадете јакна – кожна јакна до половината е добар пример.

16-razlicni-nacini-koi-kje-napravat-maramata-za-na-plaza-zadolzitelno-parce-za-ova-leto-07

7. Марама наместо ланче

Не можете да го најдете совршеното ланче? Без грижа! Врзете ја марамата околу вратот, а за екстра сексапил, панделката нека биде напред.

16-razlicni-nacini-koi-kje-napravat-maramata-za-na-plaza-zadolzitelno-parce-za-ova-leto-09

8. Како обична марама врзана околу врат

Уште еден начин како да ја носите летната марама за на плажа е да ја врзете на вратот, така што подолгите краеви ќе висат.

16-razlicni-nacini-koi-kje-napravat-maramata-za-na-plaza-zadolzitelno-parce-za-ova-leto-8

Уште 8 идеи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg