16 начини на врзување кои марамата ќе ја направат задолжително парче за летово
9. Како чанта
Ултра шик додаток е летната марама во форма на чанта. Свиткајте ја марамата на пола, додадете ги работите што сакате да ги ставите внатре и врзете панделка. За да ја персонализирате, може да додадете кожна рачка или брош.
10. Ремен
Ако не можете да најдете ремен, може да ја искористите вашата омилена летна марама. Ова е одличен начин да додадете малку боја на она што вообичаено би била обична комбинација.
11. Кратко здолниште
Ако живеете во топол град, ваквото лесно здолниште ќе ви стане најдобар пријател. Совршена за дневни прошетки и вечерни излегувања, може да изгледа елегантно со пар високи потпетици и свилена блуза или формално со бела кошула и салонки. Сѐ што треба да направите е да ја завиткате марамата околу половината и да ја заврзете.
12. Макси здолниште
За изглед кој е совршен за на плажа, оставете здолништето да се влече. Интересен шешир со широк обод и големи очила се задолжителни.
13. Венче за на глава
Совршено за деновите кога не ви се допаѓа изгледот на косата, а и времето не е баш на ваша страна. Плус, марамата за на глава е одличен начин да додадете малку боја и многу стил на вашата обична комбинацјиа. За да „направите“ венче за на глава, само треба да ја завиткате марамата околу средината на главата и да ги скриете краевите.
14. Марама за на глава
Без разлика на годината, 70-те се секогаш модерни. Завиткајте ја марамата околу целата глава и врзете ја во задниот дел. Овој изглед ќе ја разигра обичната комбинација на бела маичка и фармерки.
15. Турбан
За оние денови кога е премногу жешко, завиткајте ја косата во пунџа и искористете ја марамата за да ја сокриете, и секако врзете убава панделка во предниот дел.
16. Стилски завој
Ако раката ви е во гипс, сепак може да изгледате модерно, а дури и забавно. Убавото нешто е што може да менувате различни марами секој ден. Не мора да значи дека ако се повредивте дека треба да изгледате здодевно. Баш напротив.
С. С. | Црнобело