За чиста 10-ка: Уличната мода за време на модната недела во Париз (фото)
Срцето на европската висока мода – Париз, и оваа година традиционално ги прегрна сите вљубеници на дизајнот и убавата естетика на парчиња облека, кои вредат повеќе од неколкугодишни плати.
Couture во својата основа означува дизајн и изработка на модерни парчиња облека, според специфичните барања и мерки на клиентот. Тоа е облека која е изработена до перфекција, дизајнот е визионерски, материјалите лускузни и скапи, а изработката целосно рачна од првиот до последниот конец.
Часови и часови посветени само на еден фустан, со детали кои го магепсуваат окото на публиката.
Париз ја прикажа високата couture мода на писта, а публиката ги искористи улиците за истата намена.
Ѕирнете како изгледаше уличната мода за време на „Paris Haute Couture Fashion Week 2016“:
(О)Милена | Црнобело