Уникатни и необични костими за капење со кои ќе се исончате како зебра
Водечките гиганти во производство на костими за капење како да имаат неофицијален натпревар – кој ќе го понуди најинтересниот и најнеобичниот дизајн на плажата.
Скоро и да нема ограничување во боите и материјалите, а дизајните се прилично чудни, дел од нив имитираат пајакова мрежа, некои имаат квадратни или триаголни исечоци, трети со испреплетени врвки и елипсоидна дупка околу стомакот...
Мал дел од женската популација ги дочека со воодушевување и ентузијазам, а останатите со неодобрување.
Ние сме соочени само со две прашања: Дали вие би носеле некој од овие костими за капење и како изгледа телото после сончањето во него?
(О)Милена | Црнобело