5 парчиња кои ќе го освежат плакарот и ќе направат облеката да ви изгледа како нова

Промената на годишното време е одлично време за обновување на плакарот, а тоа не значи дека треба да влезете во минус.

5-parchinja-koi-kje-go-osvezhat-plakarot-i-kje-napravat-oblekata-da-vi-izgleda-kako-nova-001.jpg

Барајте парчиња кои лесно се вклопуваат во веќе постоечкиот плакар и кои можат да бидат дел од вашата моментална стилска естетика.

Од нови силуети до забавни принтови, ова се 5-те летни парчиња кои може веднаш да ги купите и кои ќе ви го освежат плакарот:

1. Чанта во форма на кофа

Ваквите преслатки чантички се хит на сезоната и се совршени за топлите сончеви денови. Ако ја одберете во некоја неутрална нијанса, тогаш таа сигурно ќе одговара со целата ваша гардероба.

5-parcinja-koi-kje-go-osvezat-plakarot-i-kje-napravat-oblekata-da-vi-izgleda-kako-nova-02

2. Потпетици со дебела штикла

Супер тренди, модерни и удобни – што друго ви е потребно? Тие можат да направат секојдневното да изгледа дотерано и даваат комплетно нов изглед. Металик боите се одличен избор, бидејќи можат да се носат со било што.

5-parcinja-koi-kje-go-osvezat-plakarot-i-kje-napravat-oblekata-da-vi-izgleda-kako-nova-03

3. Пантолони со риги

Класично, летно, шик и плус визуелно ве издолжува. Комбинирајте ги со пар високи потпетици и обична блуза за совршен стилски ансамбл кој совршено се транзиционира од ден во ноќ.

5-parcinja-koi-kje-go-osvezat-plakarot-i-kje-napravat-oblekata-da-vi-izgleda-kako-nova-04

4. Шорцеви со принт

Шорцевите со принт се одлична алтернатива на тексас шорцевите. Ќе изгледате фантастично во комбинација со неутрална маичка и шик едноставен блејзер.

5-parcinja-koi-kje-go-osvezat-plakarot-i-kje-napravat-oblekata-da-vi-izgleda-kako-nova-05

5. Модерно сезонско парче

Секоја сезона се карактеризира со едно парче кое кратко време е модерно. Иако да се има класични парчиња е задолжително, но тренди парчињата го прават плакарот да биде забавен и му дава живот. Затоа, без разлика дали е фустан со голи раменици или со тантелни детали, целете кон евтини парчиња кои можат да се носат на разни начини. 

5-parcinja-koi-kje-go-osvezat-plakarot-i-kje-napravat-oblekata-da-vi-izgleda-kako-nova-06

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 тренди парчиња со кои оваа есен ќе изгледате како парижанка Елегантен фустан што ја следи линијата на телото, панталони со висок струк - кои...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
7 стилски модни комбинации за тазе породени мајки (на кои комфорот им е на прво место) Телото на жените во бременоста и по породувањето се менува многу, и сосема е нор...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg