Фотки во метро - Ешли Греам згодна и секси за нова модна кампања
Минатата година Ешли Греам се појави на модната писта за Addition Elle за време на модната недела во Њујорк, а сега е и главно лице на новата модна кампања.
Плус сајз моделот заедно со канадскиот фотограф Шејн Лавадир направи неколку секси фотки во долна облека внатре во метро.
Ова е 10-та колекција на компанија која Греам ја прикажува, а се очекува да биде пуштена во продажба од 10-ти јули.
„Ова е мојата најомилена колекција досега“ - вели моделот.
„Идејата беше да креираме парче долна облека која може да се инкорпорира во самиот изглед на секоја жена, не мора да се најде исклучиво под облека“ - додава таа.
Откако Греам се појави во „Sports Illustrated“ како првиот плус сајз модел, кариерата и расцвета, а тоа јасно може да се забележи и во видеото кое го направи за „Vogue“:
Н. Г. | Црнобело