5 трикови како визуелно да ги зголемите градите со помош на облеката
Добро одбраната облека прави чуда, па како што може да ви го стесни струкот и да ви ги издолжи нозете, така може и градите да ви ги направи визуелно поголеми.
Ова се само 5-те наједноставни трикови кои според стилистите може целосно да ви ја преобликуваат силуетата:
1. Носете фустани и маици со карнери во пределот на градите, затоа што додаваат волумен на горниот дел од телото. Ист впечаток оставаат светлите маици и кошули во комбинација со темни здолништа и панталони.
2. Маиците со хоризонтални линии во комбинација со еднобоен долен дел го зголемуваат деколтето.
3. Струкираната облека со комотен горен дел исто така создава илузија на поголеми гради.
4. Носете полни градници дури и иако не носите длабоко деколте. Тесните кошули многу подобро стојат ако се закопчани до горе, но под нив имате полн градник.
5. Носете долги и тенки ланчиња кои дополнително ги зголемуваат градите.
М. Д. | Црнобело