Доказ дека Кејт Мидлтон носи само 7 парчиња облека
Кејт Мидлтон е принцеза со стил. Но, не е ни тајна дека нејзиниот стил се темели на идентични силуети и бои на облеката.
Изминативе неколку години, Кејт како принцеза изгледа напорно работи на својата „работна униформа.“
После овие фотки ќе сфатите дека принцезата игра на сигурно и носи само 7 парчиња облека, во различни бои и материјали:
1. Капути со ремени
Ако некој е заљубен во ремени, тоа е Кејт. Посебно ако се носат над еднобојно палто.
2. Всушност, ремени во секоја комбинација
Дури и во свечени фустани и елегантни тоалети, Кејт го истакнува струкот со нив.
3. Фустани до коленици
Линијата е секогаш иста секој пат и беспрекорно ѝ прилега на фигурата.
4. Фустани од тантела
Кога фустанот со ремен е премногу лежерен, следува втората варијанта - фустан од тантела.
5. Капи во идентична боја со палтото
Кралските капи се симбол дека носите британска крв, па не е ни чудо што Кејт често ги носи. Вообичаено се во иста нијанса како нејзиното палто и високите потпетици.
6. Удобни чевли
Од првиот ден како стана принцеза, па сè до ден денес Кејт не се одвојува од удобните чевли на плута, чизмите со ниска потпетица и класичните црни салонки.
7. Неочекуван експеримент
Понекогаш, и Кејт знае да облече нешто неочекувано што ќе ја освежи модната рутина.
М. Д. | Црнобело