5 модни совети за тазе мајки кои сè уште не се вратиле во форма: Што да избегнувате, а каква облека да носите?
Тренерките не треба да ви бидат омилената облека и за дома и за излегување, широките фармерки визуелно ќе ви додадат уште некој килограм... Што да избегнувате, а каква облека да носите ако сте тазе мајка и сè уште не сте си ја вратиле линијата?
Откако ќе се породат, повеќето жени на прво место го ставаат бебето, а дури потоа себеси.
Често знаат да излезат од дома несредени, бидејќи немаат време да се дотераат и нашминкаат, а прават и грешки при изборот на облеката, која не им стои исто како пред бременоста.
За сите оние тазе мајки кои сè уште не се вратиле во форма откако добиле бебе, но сакаат да изгледаат средено, ова се неколку совети за тоа што треба да избегнувате, но каква облека е пожелно да носите за да изгледате одлично, дури и со неколку килограми плус.
Избегнувајте панталони со фалти
Ако имате само неколку килограми плус, кои по породувањето најчесто остануваат околу стомакот, избегнувајте да носите панталони со фалти.
Самиот модел на овие панталони е таков што шири, па визуелно ќе додаде уште некој килограм плус.
Наместо тоа, изберете едноставни модели со висок струк, кои ќе ве „затегнат“ околу половината, и ќе направат да делувате послабо.
Избегнувајте блузи и фустани со карнери
И карнерите, исто како и фалтите на панталоните, шират визуелно, па ќе изгледате покрупно од она што сте.
Затоа, изберете едноставни модели на кошули или фустани, со чисти линии и без многу украси и додатоци.
Не заборавајте на аксесоарите
Дури и да треба да излезете од дома набрзина, не заборавајте да понесете очила за сонце, чанта (а не само торбата за бебето) и да ставите обетки, на пример.
Со овие неколку едноставни аксесоари веднаш ќе делувате постилски отколку без нив.
Тренерките нека останат дома
Вистина е дека во тренерките се чувствувате удобно и пријатно, но не ги носете кога излегувате од дома.
Наместо тоа изберете лесен фустан кој ќе ви стои добро, ќе ги истакне вашите моментални атрибути и ќе оддава впечаток дека и покрај тоа што имате мало бебе, се грижите и за себе и својот изглед.
Избегнувајте широки фармерки
Иако широките фармерки се во мода оваа сезона, сепак, ако не сте се вратиле во форма, не ги носете оние најшироките.
Наместо тоа, изберете модел со рамен крој кој ќе направи да изгледате визуелно послаби.
А ако ви е „проблем“ стомачето, наместо да го криете со широк дуксер, изберете долго палто, кое ќе го тргне фокусот од тој дел од вашето тело.
А. Ј. | Црнобело