7 парчиња кои не смеете да ги носите ако се обидувате да го заведете

Иако помина Денот на вљубените, не значи дека не треба да се дотерувате и да го заведувате вашиот сакан.

7-parcinja-koi-nikako-ne-smeete-da-gi-nosite-ako-sakate-da-go-zavedete-01

За вистинските парови, секој ден (ноќ) е Св. Валентин.

Па, ако планирате да го заведувате тогаш немојте да ги носите овие 7 парчиња:

1. Премногу тесен фустан

Можеби прави да изгледате одлично, но сетете се дека во некој момент е посакате да седнете и да ги прекрстите нозете, а тоа не може да го направите во ваков фустан.


2. Црвено од глава до пети

Да, црвената боја е заводлива и ги привлекува машките погледи, сепак не претерувајте. Најдобро е да се задржите на едно парче – фустан, кошула, топ, блуза, здолниште или пантолони. Или уште подобар избор е да имате црвен моден додаток – обувки, (високи потпетици како најдобар избор) марама или чанта.


3. Обувки во кои не можете да одите

Ако ве носи на вечера, немојте да одберете премногу високи чевли кои ви предизвикуваат плускавици, но сепак ги носите затоа што се убави. Исто така, лош избор се и потпетиците кои се премногу високи и не можете да одите во нив. Ќе се чувствувате најубаво и најсигурно ако ги облечете обувките кои изгледаат убаво, но сепак не предизвикуваат тајни гримаси на вашето лице.


4. Тренерка

Ако планирате да гледате филм или едноставно да имате состанок дома, тоа не значи дека треба да седите по тренерка и пижами. Облечете некој убав пар фармерки и убава блуза. Вие ќе се чувствувате убаво, но и нему ќе му направите мерак.


5. Проѕирна облека

Вашата долна облека не смее да биде видлива за секој кој ќе го сретнете – таа треба да биде исклучиво за партнерот. Слободно одберете парче кое ја нагласува убавината на вашето тело, но избегнувајте ги транспарентните парчиња кои откриваат премногу. Сепак, оставете по нешто на фантазијата.


6. Комплицирана долна облека

Не се оптоварувајте со будоар комплети, халтери или секси корсети затоа што ваквата долна облека воопшто не е удобна, нити пак лесна за соблекување. Подеднакво убаво и ефективно ќе биде да облечете нормална долна облека. Само, внимавајте тоа да не бидат бабини гаќички и обичен градник.


7. Помагала за обликување на фигурата

Сигурни сме дека вашиот партнер ве сака онакви какви што се и не му е важно дали имате спојлери или не. Затоа релаксирајте се и заборавете на мидерот кој ги сокрива наводните недостатоци. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 трендови од Модната недела во Париз што ќе бидат хит оваа есен Покрај леопардскиот принт, и комбинацијата од кратко здолниште со долг мантил ст...
5 типа обувки кои ќе бидат во тренд до крајот на зимата Од спортски патики со голема платформа, до тренди чизми - Какви обувки ќе бидат ...
Модна инспирација – летни комбинации од познатите Македонки (фото) Миа Костова, Александра Шијакоска и Дани Ѓуровска се дел од познатите Македонки ...
Холивудските ѕвезди во креации на нашиот Тони Матичевски (фото) Креации од нашиот Тони Матичевски низ годините носеа Ева Лонгорија, Кетрин Зита-...
Златко Јовановски за новата колекција: „Сошивме венчаница со 38.000 рачно везени кристали за 11 дена... „Горд сум на нашето ремек-дело, венчаницата со која се надминавме себеси - ...
12 модни парчиња што треба да ги имате во гардероберот оваа есен Иако чевлите со дебел ѓон сè уште се застапени во голем број продавници, тие се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg