10 типови на чевли кои секоја жена треба да ги има до 30-та година

Ако ги прашате жените, сите ќе ви кажат дека никогаш немаат доволно чевли.

10-tipovi-na-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-do-30ta-godina-001.jpg

Сепак, верувале или не, доволни ви се 10 пара за во секоја пригода да имате што да облечете.

1. Балетанки

Може да ги носите во летните и пролетни денови со омилените фустанчиња, а во есенските одлично стојат со дезенирани хулахопки и здолништа. Џинсот во комбинација со балетанки пак, е секогаш кежуал и модерна опција.

10-tipovi-na-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-do-30ta-godina-1.jpg


2. Класични салонки

Задолжителни за секоја деловна жена. Одлични за ден во канцеларија, состаноци и било какви елегантни настани.

10-tipovi-na-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-do-30ta-godina-2.jpg


3. Платнени патики

Обичните патики не делуваат толку урбано како овие платнени еспадрили. Може да ги носите со фармерки, широки џемпери и кожни јакни.

10-tipovi-na-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-do-30ta-godina-3.jpg


4. Чизми-каубојки

Ќе ви се најдат во студените денови кога сакате да се стоплите, а да изгледате модерно. Може да ги носите со тесни фармерки или дебели хулахопки.

10-tipovi-na-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-do-30ta-godina-4.jpg


5. Чизми до глужд

Во црна, сива или крем боја, чизмите до глужд се апсолутен хит со години кој одговара буквално на секоја комбинација која ја имате во гардероберот.

10-tipovi-na-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-do-30ta-godina-5.jpg


6. Сандали на плута

Во лето, ретко која жена може да им одолее. Добро одат со бели фармерки или летни фустанчиња.

10-tipovi-na-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-do-30ta-godina-6.jpg


7. Впечатливи сандали

Кога ви треба детаљ кој ќе го привлече вниманието и ќе ја освежи вашата модна комбинација, впечатливите сандали со ремчиња и реси се секогаш добра опција.

10-tipovi-na-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-do-30ta-godina-7.jpg


8. Рамни сандали

Добра опција кога треба да пешачите, а надвор е топло. Одберете неутрални бои и едноставни модели за да можете да ги вклопите со сите фустани, здолништа и фармерки.

10-tipovi-na-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-do-30ta-godina-8.jpg


9. Штикли во боја на кожата

Покрај тоа што визуелно ја издолжуваат ногата, се фантастичен финиш на сите пастелни комбинации од бои. Посебно се наоѓаат кога сте во брзање и немате многу време за комбинирање на бои.

10-tipovi-na-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-do-30ta-godina-9.jpg


10. Оксфордки

Паметните оксфордки ќе ви завршат добра работа кога сакате да ги одморите нозете од високите штикли, а сакате да делувате елегантно и професионално.

10-tipovi-na-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-do-30ta-godina-10.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да носите здолниште во зима (и да изгледате неодоливо кога температурите се под нула) Комбинирајте различни текстури, изберете здолништа со светки за деновите околу п...
Како да изберете квалитетна долна облека во продавница (и како да ви трае подолго)? Избегнувајте бели градници бидејќи лесно се валкаат, а се познаваат и под темна,...
7 тренд бои со кои оваа есен ќе изгледате побогато и елегантно Полека, но сигурно, се подогтвуваме за претстојната есенска сезона. Па, ако сте ...
Вертикални пруги – моден тренд што ќе доминира ова лето (фото) Широки, тесни, со разни бои, се чини дека пругите стануваат најголемиот пролетен...
Сопругата на Тарик Филиповиќ е стилска дама каде и да се појави – од пустина до црвен тепих Пред речиси 30 години ѝ ја одземаа титулата Мис Хрватска, но и без неа, таа прав...
Највпечатливите аутфити на Скопски моден фестивал 2024 (фото) Неколку екстравагантни изданија, многу класика и елегантни комбинации и доминаци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg