Како да го одберете вистинскиот невестински фустан според формата на вашето тело?

Тоа е моментот кој се случува само еднаш во животот и најчесто моментот за кој жените сонуваат уште од најмали нозе.

Kako-da-go-izverete-vistinskiot-nevestinski-fustan-spored-formata-na-vaseto-telo-10

Тоа е спомен кој ќе го носите со себе во текот на целиот живот и можност да ја споделите љубовта со пријателите, семејството и, најважно, вашата сродна душа. Токму така, зборуваме за свадбениот ден.

Но, покрај сите тие работи кои со нетрпение очекувате да ви се случат, овој голем ден е придружен со голема доза на стрес, а секако потрагата по совршениот фустан е составен дел од тој стрес. Секако дека сакате да изгледате најубаво на тој ден, а од голема помош би ви било доколку совршениот фустан ја истанчи вашата фигура.

Сите ние имаме различни видови на тела и различни модели изгледаат поубаво на едно отколку на друго тело, па заради тоа е важно да ја знаете вашата форма на тело и според тоа каков фустан да изберете...

Ситна градба

Доколку имате ситна градба треба да избегнувате фустани кои имаат премногу детали. Наместо тоа изберете едноставен фустан без набори или пополнето здолниште бидејќи тоа ќе ја „удави“ вашата мала фигура во материјал. Прилепен фустан со дизајн кој се шири во долниот дел или фустан со засек по градите ќе направат илузија во поглед на висината.

Kako-da-go-izverete-vistinskiot-nevestinski-fustan-spored-formata-na-vaseto-telo-03


Плус сајз тело

Доколку имате тело со облини имате два избори, да ги истакнете и покажете истите или да изберете фустан со кој ќе постигнете ефект на истанчување. Некои од најубавите стилови за пополничка фигура вклучуваат асиметрично плисирање, фустани со фалти и појаси во делот на струкот. Изберете V отвор или заоблен отвор за да го истанчите горниот дел од телото и да го привлечете погледот нагоре.

Kako-da-go-izverete-vistinskiot-nevestinski-fustan-spored-formata-na-vaseto-telo-04


Големи гради

Доколку имате големи гради клучниот фактор за избирањето на совршениот невестински фустан е избирањето на вистинскиот отвор за деколтето. Најдобро е да изберете умерено отворен горен дел за да избегнете лизгање, заоблен со паднати прерамки или горен дел во форма на срце со кој ќе изгледате прекрасно, за разлика од фустан со многу отворено деколте. Избегнувајте тенки прерамки и изберете нешто кои два поголема поддршка, при што можете да се определите за чипка или превез од чипка со што ќе го оттргнете вниманието до вашето деколте.

Kako-da-go-izverete-vistinskiot-nevestinski-fustan-spored-formata-na-vaseto-telo-05


Мали гради

Доколку имате мали гради изберете фустан со длабоко деколте или затворен горен дел и воопшто не помислувајте на горен дел во форма на срце.

kako-da-go-izverete-vistinskiot-nevestinski-fustan-spored-formata-na-vaseto-telo-6.jpg


Тело во форма на крушка

Жените со тело во форма на крушка изгледаат одлично во фустани со А-дизајн (овој дизајн им одговара на повеќето тела бидејќи е универзален стил кој ја истанчува фигурата) или играјте си со вашите облини во фустан во грчки стил. При изборот на фустан за оваа форма на тело треба да избегнувате фустани кои ги изразуваат вашиот долен дел (како тие во форма на сирена или на нивоа) и наместо тоа обидете се со фустан кој ги сокрива широките колкови.

Kako-da-go-izverete-vistinskiot-nevestinski-fustan-spored-formata-na-vaseto-telo-07


Тело во форма на јаболко

Изберете фустани со цврст материјал како тафт или сатен и стилови кои ќе го истакнат вашиот горен дел истовремено криејќи ги проблемите во долниот дел – совршениот модел на фустан за вас е фустан со засек под градите.

Kako-da-go-izverete-vistinskiot-nevestinski-fustan-spored-formata-na-vaseto-telo-08


Песочен часовник

Телото со форма на песочен часовник е една од најпосакуваните форми и среќничките кои ја имаат оваа форма треба да бараат фустан кој ја истакнува нивната тенка половина како на пример тие со сирена-крој. Други форми кои стојат добро на ваквата фигура се фустаните со корсети како и фустаните со ниско спуштена половина. Доколку имате ваква форма на тело вие сте вистинска среќничка, бидејќи речиси сите модели одговараат за вашето тело.

Kako-da-go-izverete-vistinskiot-nevestinski-fustan-spored-formata-na-vaseto-telo-09


Тенка и права фигура

За тенките, слаби фигури потребно е создавање на илузија за облини преку избирање на волуменозни фустани како балски фустан кој обично има вграден градник или полн долен дел. Фустаните со контури или вез ќе ја направат вашата фигура уште порамна. 

Kako-da-go-izverete-vistinskiot-nevestinski-fustan-spored-formata-na-vaseto-telo-10

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ревијата на Ивана Кнез беше вистинско уживање: Доминираа секси и храбри креации (фото) Модната дизајнерка Ивана Кнез на Скопскиот Моден Фестивал вчера (03.04.2024) го ...
Од беж до боја на чоколадо - Како да носите кафеаво оваа есен, инспирирани од нашите инфлуенсерки? Македонските инфлуенсерки го следат светскиот моден тренд - сите нијанси на кафе...
Модни тајни со кои Французинките изгледаат совршено дури и на најголемиот студ Кога велиме „плетен фустан“ замислуваме широк модел без некоја посебна форма. Но...
Уметнички перформанс и две впечатливи ревии на затвoрањето на Shtip Fashion Days 2024 (фото) Со две одлични ревии во старата фабрика за џинс „Македонка“ во Штип, вчеравечер ...
Едноставни модели на кошули, идеални и за на работа и за вечерни излегувања (фото) Кога не знаете што да облечете за на работа или за вечерно излегување, можеби на...
6 парчиња накит кои се тренд оваа есен 2024 Ако отсекогаш сте обожавале персонализирани ланчиња со иницијали или и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg