BOSS Green колекција која илуминира
Новата кампања за есен-зима ’15 колекцијата на BOSS Green е креирана од дуото фотографи Hunter & Gatti, користејќи го како позадина панорамскиот поглед на Лос Анџелес навечер.
Најгорниот кат на паркинг гаража во центарот на Лос Анџелес, обезбеди сцена за совршен кошаркарски терен, што придонесува сликите да добијат спортски дух, притоа задржувајќи го силното чувство на урбаност во колекцијата, која вклучува металик комбинација на основните бои и темни, мат џинс.
Моделот Микел Џенсен, кој и претходно се има појавено во BOSS Green кампања, го тестираше сетот на дневна светлина, но кога падна мрак, Hunter & Gatti беа во можност суптилно да си поиграат со осветлувањето на нивниот карактеричен начин кој ги прави толку почитувани во светот.
Одеднаш, шарените рефлектори ја трансформираа сцената во атмосферски, футуристички свет и крајните фотографии го доловија духот на големиот град и огромениот број на мистерии кои се кријат во него, креирајќи идеална позадина за лежерната и спортска, метрополитска колекција.