Diesel машка и женска колекција за есен/зима 2015
Црн пантер во урбана џунгла - убав, див и слободен, е симболот на Diesel машката и женската колекција за есен/зима. Препознатливиот знак на бунтовништво и дрзок став е воздигнат до ниво на парчиња кои се носливи и „кул“.
Држејќи се до автентичната ДНК на компанијата, производите се изработени преку современ, креативен објектив правејќи ја колекцијата свежа и допадлива. Константно барајќи иновативност, Diesel ги турка границите на истражување на материјалите, технологиите и дизајнот за да претстави привлечена понуда во сите категории.
Заробувајќи ја есенцијата на брендот, но филтрирана преку свежа, модерна перспектива, колекцијата ја слави уникатноста на ДНК-то на Diesel. Војнички и рок стил – препознатливи теми на модната куќа, кои се реинтерпретирани преку забавен, личен пристап. Слободата на духот и безгрижноста се засилени преку живописните бои и силни графики, но и рачно цртаните детали кои се олицетворени на новата безвременска колекција. Заедно со новите графички прикази, вклучувајќи го исконскиот пантер на колекцијата, Diesel логото го доживува своето враќање.
„Моето омилено парче од колекцијата е сив џемпер со нашиот препознатлив белег на Мохиканец – горди сме на нашето лого и сега го користиме на поинаков начин“ – изјави Никола Формикети креативен директор на Diesel.
Војнички стил
Забавен и спротски тек на војничката тема. Задржувајќи ја уникатноста и иновативниот пристап, Diesel креира своја рачно цртана шема на камуфлажа, присутна во сите категории, од облеката за надвор до долната облека. Модерниот и уметнички изглед е надополнет со нежни плетки. Традиционалните војничко-зелени и кафени тонови се развеселени со нијанси на живописни бои преку вибрантните додатоци од вештачко крзно. Ова придонесува за поп, разигран пристап на функционалните парки и крзнени чанти. Играјќи си со контрасти, класичните војнички парчиња имаат мажествена привлечност, како бомбер и војничките јакни со ефект на камуфлажа, кои се комбинираат со многу женствени фустани и блузи во цветни принтови, додека пак текстурираните ткаенини се споени со флуидни материјали со свиленкаст, мазен изглед.
Лежерен рок стил
Личен, оригинален, сакан. Како архив на парчиња пронајдени во „винтиџ“ продавници и потоа модифицирани со емблеми и цртежи, лежерниот рок стил се одликува со голем опсег на влијателни „mix & match“ парчиња за урбан, модерен изглед. Со многу декоративен пристап, машката антилопска моторџиска јакна е рачно цртана со колоритни графики, највраќајќи се кон сеќавањата за детството, додека пак црните кожни авијатичарски бомбер јакни се украсени со парченца ткаенина. Женските рунтави крзнени елечиња и наметки имаат рок-боемски став. Избледените принтови се исто така искористени во долната облека и даваат „винтиџ“ чувство на памучните маички. Нивниот релаксиран крој е во контраст со „скини“ силуетите на џинс панталоните и хеланките. Модните додатоци го истакнуваат еклектичниот изглед. Женските чизми до глужд на висока потпетица се со нитни, додека пак машките високи патики имаат патенти.
Вечерен рок стил
Рокенрол расположението е реинтерпретирано во вечерен сензибилитет. Од панкерски безопасни игли до киросани карирани шари, сѐ се изведува со елегантно мајсторство, а воедно изгледаат силно и шармантно, кои придаваат за кул метрополитски стил. Острите и тесните кројки придонесуваат за прецизен, унисекс изглед, дефиниран со елегантни одделни компоненти, капути обрабени со различни материјали и струкирани моторџиски јакни со нитни. За непогрешливо женско расположение, линијата вклучува секси мини фустани со патенти и флуидни блузи и мантили украсени со безопасни игли. Понежен пристап е вклучен во плетените парчиња кои се пријатни за носење и имаат кариран дезен. „Винтиџ“ кожните чевли и каубојските чизми имаат сјаен ефект.
Diesel: зимски спортови
Diesel исконските парчиња се надградени и инспирирани од алпинистичкиот активен живот од 70-тите години. Препознатливиот V-отвор се вклучува во плетените парчиња со светли комбинации на бои. Тие се комбинираат со тексас фармерки со украсни камења и сомотски панталони, придонесувајќи за весел, разигран став на топлата зимска облека. Тигрести парчиња и шарени ѕвезди се вметнати во спортските колеџ јакни за добивање младешки изглед, додека пак кожните моторџиски јакни се со нитни, и истите одекнуваат во оригиналниот бунтовнички Diesel дух.
Безвременската колекција на Diesel
Елитна изработка и супериорни материјали. Безвременската колекција оддава почит на најавтентичната ДНК на Diesel со голем опсег на женски и машки премиум кожни водечки парчиња кои константно ќе бидат достапни во продавницата - моторџиска јакна, „скини“ панталони и блузони со V-отвор. Навистина, суштествен Diesel.