Гумените (и неудобни) сандали од детството повторно се хит – како ги носат инфлуенсерките? (фото)
Гумените сандали што ни беа омилени во детството, без разлика што не беа удобни, повторно се хит, но овој пат не за деца. Би ги носеле ли?
Се сеќавате ли на гумените сандали што ги носевме пред 20-тина години? Некои рамни, некои со минијатурна штикла, во весели бои како портокалова и црвена.
А, дали се сеќавате на плускавците на нозете што ни се правеа од нив?
Иако не беа најудобни за носење, се чини дека гумените сандали повторно стануваат хит. И тоа не за мали деца, туку за девојки и жени.
Изминативе година-две, неколку славни жени беа фотографирани со легендарните гумени сандали, а летово ги гледаме сè почесто кај инфлуенсерките.
Во САД, веќе почнале да доминираат во продавници на популарни брендови, како Mango, а многу девојки ги купуваат и од Amazon.
Што значи, кога-тогаш, трендот ќе дојде и кај нас.
Покрај транспарентните сандали, сега се достапни и други, непроѕирни модели, модели кои наликуваат на балетанки, како и влечки.
А, ако веќе размислувате да си купите, погледнете како ги комбинираат инфлуенсерките и славните жени:
Спирова С. | Црнобело