Хит парче за зимските денови: Капут со боја на карамела
Време е да се ослободите од црните и монотони капути и да ги замените со свеж модел во боја на карамела!
Бојата на карамела очигледно е новата црна оваа сезона. Влегува во палетата на земјени тонови, заради што одлично се вклопува со останатите од овој тип, а покрај тоа добро одговара и со сите пастелни бои.
Џинсот во комбинација со карамел капут е незаменлива комбинација со која никогаш нема да погрешите.
Во тмурните денови кога ви недостасува модна инспирација, доволно е да се облечете во црно од глава до пети и да се наметнете со карамела капут.
Колку и да ви делува неспоиво, сивите тонови во комбинација со него се уште еден моден успех.