Како да носите здолниште во зима (и да изгледате неодоливо кога температурите се под нула)

Комбинирајте различни текстури, изберете здолништа со светки за деновите околу празниците... Како да носите здолништа кога температурите се под нулата и да бидете со стил?

kako-da-nosite-zdolnishte-vo-zima-i-da-izgledate-neodolivo-koga-temperaturite-se-pod-nula-01.jpg

Кога температурите се движат околу нулата или одат во минус, ретко која жена се осмелува да носи здолниште.

Но, што ако повеќе сакате да носите здолништа отколку панталони или фармерки? Како да ги комбинирате за да не ви студи (многу), а сепак да изгледате неодоливо?

Ова се 5 начини на кои можете да носите здолниште во зима:

Различни текстури

За да не ви студи, препорачливо е да мешате различни текстури.

Комбинирајте меко крзно со дебел тексас и лесен шифон, или кожа со твид и органски памук, или, пак, металик со мохер (влакно од коза).

Вака искомбинирани едни со други, тие изгледаат одлично, а без оглед на должината на здолништето, нема да ви студи кога ќе облечете капут врз него.

352_content.jpg

Изберете бело

Бела блуза во комбинација со црно здолниште е класика. Но, зошто не изберете обратна варијанта - бело здолниште со црна блуза?

Белите здолништа (и оние во светла боја) во зима им се меѓу омилени на светските инфлуенсерки, па зошто да не се дотерате исто и вие?

Здолништата можете да ги дополните со дебел плетен џемпер, ролка, капут, XXL палто, елегантни чизми или гломазни чевли.

353_content.jpg

Додајте малку сјај на изгледот

Не мора да одите на формален настан за да облечете светкаво здолниште.

Особено во деновите околу новогодишните празници, можете да облечете здолниште со светки.

Но, мора да се водите од едно правило – каква ви е бојата на здолништето, таква мора да е и блузата или кошулата со која ќе го комбинирате.

354_content.jpg

И мини здолништата се во ред во зима

Мини здолништата во зима се комбинираат поинаку отколку во другите сезони во годината.

Облечете дебели хулахопки, а ако носите високи чизми во нив можете да ставите и плетени чорапи (кои може да „ѕиркаат“).

Наместо со маички и кошули, комбинирајте ги здолништата со волуменозни џемпери или ролки, па облечете капут или бунда од вештачко крзно (како што се носи во моментов).

355_content.jpg

Здолниште преку хеланки (или панталони)

Жените во Азија воведуваат нов тренд – носат кратки здолништа врз панталони или хеланки.

Можеби ви делува смешно на прва, но оваа модна комбинација привлекува големо внимание и почнува да станува вистински хит и во други делови од светот.

А, ако не сакате да шетате така по улица, можете да ја пробате барем за фотографирање и некоја објава или Стори на Инстаграм.

356_content.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со што да ги комбинирате омилените парчиња, кога е многу жешко за фармерки? Плисирано здолниште или, ако не се откажувате од тексас – тексас здолниште. П...
Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...
9 идеи за педикир што ќе бидат хит за лето 2024 Црвените нокти се сметаат за застарени, а вистински хит се животинските принтови...
Модни трикови со кои ќе изгледате одлично и на 45+ години Со палта разбијте ја монотонијата на едноставните комбинации, избирајте шорцеви ...
Пет модели на панталони кои треба да ги имате оваа пролет Наместо фустан решете се за некој од овие пет модели на панталони доколку сакате...
Модна инспирација: Пролетни и летни комбинации со долги здолништа (фото) Тесни или во А-крој, без разлика за кое од нив ќе се одлучите нема да погрешите,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg