Како да го носите карираниот принт во постудените денови? (фото)
Како што на жените одлично им прилегаат карираните здолништа и палта, така и мажите се посебно згодни во карирани кошули.
Сигурно и вие имате во гардеробер неколку карирани парчиња облека кои на времето ви изгледале супер модерни, но некако не успевате да ги искомбинирате.
Важно е само да го почитувате правилото да не го мешате овој принт со други или со силни бои. Може да изгледа добро исклучиво со бела маичка со црни риги или впечатлив детаљ.
Најпрепорачлив е џинсот, како и неутралните нијанси кои со сигурност ќе создадат елегантен изглед во кобминација со карирана марама, кошула или палто.
Ова се само дел од идеите кои можете да ги износите во студените денови: