Како да ја носите најмодерната есенска боја - Виолетова нијанса на слива (фото)
Ако оваа сезона се одлучите за некое парче облека во актуелната виолетова нијанса на слива, верувајте дека нема да погрешите.
Одлично им стои на жените со светол тен и светла боја на кожа, но подеднакво добро им прилега и на бринетите со топли тонови на косата. Тоа всушност е и нејзината предност - нема боја со која не се согласува.
Љубителките на елегантниот стил може да одберат здолништа со А крој или лелеави фустани во оваа нијанса, додека поспортските и лежерни девојки секогаш може да се подноват со пар панталони или топол џемпер во боја на слива.
Кога ќе го опремите гардероберот со најмодерната нијанса за оваа есен, веројатно ќе дојдете и до прашањето сега како да ја комбинирам?
Овие предлози ќе ви бидат добредојдени: