Како правилно треба да ви стои едно одело?

За да изгледате убаво не треба само да имате стил, треба и тоа што го носите да ви биде точно и правилно да лежи на вашето тело.

kako-pravilno-treba-da-vi-stoi-edno-odelo-01.jpg

Кога зборуваме за боја, принт или материјал можете да ги следите основните правила за комбинирање и секогаш да изгледате добро.

Но, како едно одело ви стои е многу позначајно. Никогаш не би облекле широко или големо сако со custom - made панталони.

Кога ќе лежи правилно оделото на вас, тогаш ќе бидете забележани, но ако оделото ви е големо, тогаш само тоа ќе биде забележано.

kako-pravilno-treba-da-vi-stoi-edno-odelo-002.jpg

Еве неколку совети како правилно треба да стои едно одело на вас:

Има неколку правила коишто треба да ги знаете и почитувате кога станува збор за рачно изработеното одело. Посебно внимание се обрнува на сите детали:

1. Кога носите широк шпиц ревер (The Wide Peak) секогаш изберете и широка вратоврска. Вратоврската никогаш не треба да биде кратка и да завршува пред папокот, таа треба да доаѓа до ременот на панталоните.

2. Делот околу рамената е многу важен - никогаш не треба да има повеќе материјал бидејќи ќе се создаде вишок простор помеѓу рамото и оделото.

3. Крагната на кошулата секогаш треба да биде споена со реверот, не треба да има простор помеѓу нив.

kako-pravilno-treba-da-vi-stoi-edno-odelo-001.jpg

4. Должината на сакото е индивидуална, но според стандардите треба да го покрива патентот од панталоните.

5. Ракавите на кошулата треба да завршуваат на базата од палецот и манжетната од кошулата треба да биде видлива околу 2 cm.

kako-pravilno-treba-da-vi-stoi-edno-odelo-02.jpg

Доколку сакате совршено custom-made одело, изработено според светските трендови и од најфини материјали, Ви ги препорачуваме SIGNORI.

Би можело да ве интересира:

Пет модели на панталони кои треба да ги имате оваа пролет Наместо фустан решете се за некој од овие пет модели на панталони доколку сакате...
Кој е дечкото што со модниот стил и бундата од баба му го привлече вниманието на Shtip Fashion Days ... „Дефинитивно имам ексцентричен моден стил... Понекогаш и пред огледало се прашув...
Алмедина Исмајли - македонска новинарка со впечатлив стил (фото) Од елегантни фустани до спортски комбинации и многу корсети - македонската новин...
Палта кои ќе бидат хит за есен 2024 Мантилите и кожeните јакни ставете ги на страна... Кои 5 вида на палта се најдоа...
5 типа маникир кои делуваат кич (и како да изберете подобра алтернатива) Неонски бои, црн лак - некои трендови во маникирот треба да се заменат со нови, ...
Што облекоа посетителите на втората вечер на Скопски моден фестивал 2024? (фото) Маја Панчева избра во спортско-елегантна комбинација, Моника Црнокрак се реши за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg