Зимска нега на кожата
Во пресрет на зимата потребно е да ги корегираме своите секојдневни навики и да го спречиме оштетувањето и дехидрирањето на кожата.
Затоа еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ја заштите и да ја одржите убавината на својата кожата во текот на студените зимски денови.
- Лицето чистете го само еднаш дневно и тоа навечер, а наутро само измијте го со вода.
- Алкохолот ја суши кожата па затоа во текот на зимата не употребувајте производи за нега кои содржат алкохол.
- Нанесете пилинг на лицето и телото барем еднаш неделно.
- Туширајте се со топла, а не врела вода и тоа не подолго од пет минути. Кога се туширате, избегнувајте триење на кожата со сунѓер и секогаш користете хидратантни гелови или купки.
- Хидрирајте ја кожата, мачкајте ја најмалку два пати дневно со хидрантна крема или млеко за тело. Колку ви е кожата посува толку погуст треба да биде препаратот за хидратација. За екстремно сува кожа користете крема, не млеко.
- Рацете најмногу страдаат во зима, па затоа пред спиење нанесете хидрантна крема на и ставете памучни ракавици за спиење, ефектот е неверојатен.
- Освежете го воздухот во спалната соба, бидејќи греењето значително го суши воздухот. Најдобро би било во спалната да ставите овлажнувач на воздух, но не заборавајте редовно да го чистите бидејќи во него многу лесно и брзо се населуваат бактерии и се размножуваат паразити. Затоа редовно менувајте ја водата и чистете го апаратот секој трет ден.
- Облечете се топло пред да излезете. На рацете најдобро би било да ставите кожни ракавици бидејќи тие ја чуваат влажноста на вашата кожа. На усните задолжително нанесете хидрантен балсам или кармин, кој ќе ве штити од ветерот и студот. И секако не го заборавајте лицето, задолжително нанесете хидрантна крема која ќе го спречи сушењето на кожата.
-->
Би можело да ве интересира:

Модни парчиња и додатоци што жените со добар вкус ги избегнуваат сезонава (и што носат наместо тоа)
Розови аутфити и многу големи очила - кои модни додатоци и облека излегуваат од ...

Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото)
За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...

„Најскапата облека секогаш е изложена напред“ - Поранешни вработени во ZARA откриваат тајни
Дали знаете во кој период е најдобро да се упатите во продавниците на ZARA, кога...

16 невести кои носат необични фустани, наместо класични бели венчаници
Црни венчаници, фустани со златни светки во комбинација со патики, црвени секси ...

Како да изберете квалитетна долна облека во продавница (и како да ви трае подолго)?
Избегнувајте бели градници бидејќи лесно се валкаат, а се познаваат и под темна,...

Облекувајте ги со мокри раце и уште 7 трикови како да не ви се кинат хулахопките на прво носење
Облекувајте ги без накит на рацете, намокрете ги со вода дланките пред да ги изв...