Копирајте го стилот на најпознатата модна блогерка: Облечете се како Оливија Палермо
Оливија е современа икона на стилот, а добро позната е и по спојувањето на парчиња облека која не би ни замислиле дека може да се комбинираат. Сепак, оваа дама секогаш изгледа одлично.
Очилата за сонце се нејзиниот заштитен знак, а смелите комбинации и материјали се работи кои секогаш успева одлично да ги комбинира.
За работа
На изглед едноставна комбинација, а во неа се искомбинирани дури два различни принтови. Очилата за сонце со мачкасти рамки и црвениот кармин даваат нота на елеганција.
За прошетка
Оливија своето куче го шета во едноставна, но тренди комбинација. Кожните пантолони ги комбинира со капут со машки крој и шарена марама.
Еве уште неколку идеи како да го копирате нејзиниот изглед: