Сите ја нападнаа Викторија Бекам: Не сакаме да гледаме анорексични и гладни модели
Изгледа Викторија Бекам претера на последната ревија на њујоршката модна недела, затоа што сите критичари се свртеа против неа.
„Не сакаме да гледаме гладни девојки“ и „престани да пропагираш анорексија“ се само дел од пораките упатени на нејзина сметка и на моделите кои ја промовираа нејзината најнова колекција.
Како што девојките парадираа по модната писта, очигледно сите имаа само една мисла - изгледаат болно тенко и мизерно.
„Не ја сакам пораката која таа им ја испраќа на младите жени. Не е кул да бидеш мизерен, или барем не би требало да биде. Ниту е кул да бидеш толку слаб што коските ти излегуваат,“ вели колумнистката на Daily Mail која прва остро ја осуди Бекам.