Предизвик: Плус сајз девојка носела кроп топ цела недела
Повеќето велат дека носењето на кроп топ кога сте плус сајз не е пожелно, па оваа девојка сакала да види што ќе се случи ако реши да го прекрши ова модно правило и носи кроп топ цела една недела.
„Се разочарав кога прочитав во едно модно списание дека кроп топот не е наменет за оние кои немаат рамен стомак, но добрите вести се што многу луѓе на Инстаграм покажаа дека кроп топот може да го носи било која девојка без разлика на тежината“ – така започнува приказната на Кристин Чирико.
Така таа си дала на себеси предизвик да носи цела една недела кроп топ.
Првиот ден решила да го облече на еден музички фестивал и да направи една Инстаграм фотка.
„Бргу сфатив дека носењето на кроп топ на Инстаграм и во реалноста не е исто. Постојано мислев на тоа дали луѓето ме осудуваат и како реагираат на моето тело“ – вели Кристин.
Така почнала желбата на крајот од денот да го спушти малку кроп топот, но успеала да се воздржи од желбата.
Вториот ден и бил прв ден како го облекла кроп топот на работа. Утрото кога пристигнала на работа се грижела околу тоа дали и е дозволено така да дојде на работа, па прашала една од колешките дали може така да дојде. На нејзина среќа дури и таа колешка носела кроп топ на себе.
Брзата релаксација од фактот дека може да дојде така на работа преминала во мала непријатност откако голем број на луѓе започнале да и даваат комплименти. „Секој пат кога некој ќе ми даде комплимент наместо да кажам благодарам тивко кажував „извинете ова е само за Фејсбук“ како да се извинувам за тоа што секој мора да гледа во мене“ – објаснува Кристин.
Третиот ден е ден кога посакала да се откаже од предизвикот, но продолжила со носење на кроп топ.
Четвртиот ден се одлучила за далеку пократок кроп топ па моментот кога пристигнала на работа инстантно го сокрила својот стомак со чантата, а целиот ден го поминала подгрбавена обидувајќи се да го сокрие својот стомак.
Петтиот ден бил првиот ден кога полека но сигурно започнала да се ослободува од своите стравови.
Шестиот ден се погодил да биде првиот ден од викендот кога се договорила да излезе со своите пријатели. Самодовербата сега и била драстично покачена, бидејќи фотката на Инстаграм од нејзиниот втор ден добила голем број на лајкови, па била релаксирана.
Ова чувство го прославила со една пијачка и селфи.
Седмиот ден бил денот кога потполно сфатила дека нема за што да се грижи, па и дека понекогаш е пожелно да носи помалку облека. „Ова посебно важи кога се наоѓате во голема гужва“ – вели Кристин.
На крајот од денот таа облекла кроп топ и во теретана додека вежбала.
Што таа научила од овој предизвик:
1. Никој нема потреба да чувствува и мисли дека телото има примарна цел да биде сексуално привлечно за спротивниот пол.
2. Кроп топовите се забавни и корисни во некои ситуации.