Направи сама: Сандали со реси
Постои посебна магија во разубавувањето и подновувањето на старите парчиња облека и обувки и речиси и да не постои девојка која не ужива во малите креативни мигови.
Токму затоа, ова е одлична идеја со која можете да ги обновите старите сандали и од нив да направите уникатни сандали со реси.
Ресите се детаљ кој го одбележа ова лето и кој ги краси чантите, сандалите, обетките, а и многу други делови од гардеробата.
Ако немавте можност да си купите такви сандали, зошто да не ги направите сами?
Еве како може тоа да го направите:
Потребни работи:
- Сандали
- Антилоп ткаенина
- Ножици
- Лепило за ткаенина
Подготовка:
1. Исечете го материјалот на реси.
2. Намотајте го материјалот на тој начин што ќе можете да направите мал отвор на крајотод материјал кој дополнително ќе го залепите на ресите.
3. Истите додадете ги на ременчето од сандалите.