Што ни нуди Replay за есен/зима 2015-2016?
Новата колекција есен/зима 2015-16 одбележува нов почеток како што Replay еволуира органски и кохерентно, стремејќи се кон посвеж, избалансиран имиџ, но сепак останува доследен на принципите на брендот.
Од архивите на брендот произлегува инспирација за пренасочување на вниманието кон логото и етикетирањето, оставајќи нов силен и импресивен графички исказ. Џинсот станува територија за храбри експерименти, додека пак дизајните на кошулите заземаат поелегантен правец. Покрај тоа, познатиот еко-пријателски дух на брендот се материјализира во форма на парчиња изработени од вештачка кожа и крзно, употреба на систем за перење со искористена вода, односно рециклирање на водата за перење. Меки, топли и лесни, јакните пружаат максимална удобност и овозможуваат леснотија при движењето. За крај, страста за континуирано предводење на трендовите, го води Replay кон редефинирање на дизајнот, формите и волуменот, материјалите и приспособувањето. Сето ова во тандем со автентичниот талент за дизајн и арт-иновациите резултира со лансирање на двете колекции и го пренесува брендот кон нови хоризонти - посовремени и со повисок квалитет. Четирите главни теми на колекцијата се: Contemporary Vintage, D-signer, Back to Black, Essential
ЖЕНСКА КОЛЕКЦИЈА
Современата винтиџ приказна се врти околу тексас материјалот. Избледени, избелени, искинати, реконструирани, комбинирани со вештачка кожа и ткаенини кои придонесуваат за гламурозен аспект. Безвременските омилени парчиња облека добиваат нов свеж изглед, како што е случајот со виндјакните со флуоресцентни вештачки крзна, „бомбер јакните“ со интересни релјефни ефекти, моторџиските јакни од вештачка кожа комбинирани со волна. D-signer е проекција на кул урбан стил за преку целиот ден. Синтетичка гума, најлон, смели бои, графики и текнички напредни принтови на горните делови од облеката, додека долниот дел од облеката е претставен со флуидни линии и материјали во нијанси на црна и сива боја. Свечената облека за вечерни излегувања се одликува со светкави елементи, иризација-прелевање на боите на виножитото, везови од монистра, стриктно дефинирани блузони и „бомбер јакни“ со целосни дизајни или со ефекти на фолија, пасмо, дигитални или фотографски принтови.
Back to black ги величи најтемните нијанси преку презентирање на скроени панталони со бели странични делови, „бомбер јакни“со плетен шав, смокинг без ракави со нитни прикачени на крагната од вештачка кожа. Не се изоставени ни широките моторџиски јакни со ефект на имитација на кожа, макси здолништа од вештачка кожа, како и маички со дигитални принтови.
Во колекцијата Essential, чистиот дизајн во нијанси на сино, сиво и бело се компензира совршено со светлите тонови кои ги дефинираат основите на најновата генерацијата. Памук, тексас и најлон ја комплетираат сликата, заедно со новиот графички израз на Replay логото и шарените реверзибилни монтки.
МАШКА КОЛЕКЦИЈА
Класичните машки кошули од оксфорд ткаенини и ситна плетка добиваат нов изглед со макси графички принтови со интересни дизајни. Подеднакво свежи се и дворедните волнени капути на запетлување кои ќе направат да се издвојувате од останатите. Контрасно, D-signer се фокусира на супер-остра кројка, во процесот издигнувајќи ги палтата како фундаментални парчиња на колекцијата. Сакоата со две копчиња со ревери, имаат ракави од вештачка кожа, а поплин кошулите имаат потесен крој. Колекцијата Back to Black се движи подалеку од големото враќање на нијансирањето кое вклучува и моторџиски референци, сите усовршени со храбро користење на мека и третирана вештачка кожа. Најистакнат пример е екстрадебелата моторџиска јакна со темно сини контрастни рабови. Повторно, Essential се стреми кон задржување на основните елементи со нов интересен изглед благодарение на елементите каде чистиот дизајн и специфичните детали се спојуваат заедно во палетата на сиви, сини и бели нијанси. Што се однесува на монтките и маичките, даден е акцент на светлите елементи. Графичките прикази играат со Replay логото на многу колоритни начини, додека пак монтките се реверзибилни.
ЏИНС
Следната зима девојките ќе се одлучат за „скини“ или boyfriend џинс, изминатата избираа помеѓу ултра-растеглив и хиперстреч материјал, за подоцна да одбираат комфорни и нерастегливи фармерки. Палетата на бои се движи од различни нијанси на црна, како и сина боја со богат енергичен интензитет.
Во суштина, модниот фактор се истакнува преку типот на конструирањето, материјалот и деталите. Ова се пренесува во моторџискиот стил со отвори и расцепи на колената или пак истите се пополнети и комбинирани со сатенска ткаенина или црна вештачка кожа. Како алтернатива, може да се одбере помеѓу „скини“ џинс со висок струк со стиснати набори, како и џинс со избледен ефект или ситни нитни во декоративна форма.
Мажите тенденциозно преферираат потесни или „скини“ фармерки, лесни и изработени од ултрамеки материјали. Црната боја е прикладна за секоја пригода, во комбинација со бела и бледо сина за добивање на контраст. Модерните винтиџ елементи на избелување, како и залистоците и ефектот на извалканост одат во прилог со расцепувања, закрпувања, вештачка кожа или восочни парчиња ткаенина. И за двата пола, најголемиот дел од колекцијата е изработена од меки материјали, додека пак етикетирањето ги следи критериумите на колекцијата.