Кукличка - 4-годишната Кора со Даунов синдром е модел во рекламна кампања „Back to school“

Брендот за обувки Livie & Luca’s оваа есен во својата рекламна кампања ја вклучи и Кора Слокум, 4-годишното девојче со Даунов синдром.

kuklicka-4-godishnata-kora-so-daunov-sindrom-e-model-na-reklamna-kampanja-back-to-school-01.jpg

Livie & Luca’s заедно со непрофитната организација Changing The Face of Beauty одлучиле оваа година заедно да се борат за промена на перцепциите и стереотипите кон луѓето со пречки во развојот.

Така и Кора е дел од кампањата #ImGoingBackToSchoolToo која бара еднаквост на младите луѓе со пречки во развојот.

Речиси 13% од популацијата на млади ученици кои оваа година тргнуваат на училиште се деца со Даунов синдром, а како што објаснува претседателот на организацијата Changing the Face of Beauty:  „Луѓето со пречки во развојот се најголемото малцинство во светот, а речиси воопшто не се претставени во рекламните кампањи и медиумите“.

Кора не само што имала можност да биде дел од есенската кампања, туку веќе има потпишано договор и за пролетната кампања за 2016-та година.

„Сакаме секое дете кое ќе ја види нашата реклама на еден начин да се препознае себеси“ – објаснува Алисон Шарват еден од менаџерите на Livie & Luca.

Тие се надеваат дека со својата реклама ќе овозможат поубав приказ на децата со пречки во развојот. „Прекрасно е кога ќе слушнете од луѓето дека во Кора го гледаат нивното дете или некој член на семејството“ – додава Шарват.

Би можело да ве интересира:

Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)? Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна обл...
Плетен џемпер - парче облека кое мора да го имате оваа есен 2024 (фото) Оваа есен ништо не е пошик од плетениот џемпер, без оглед дали ќе купите нов или...
Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...
6 парчиња облека кои треба да ги носите на одмор за да ги „украдете“ сите погледи Ако сте од оние кои на одмор сакаат да бидат средени и дотерани, но не знаете шт...
5 модни трендови за кои вреди да дадете пари сезонава (и 5 за кои не мора) Облеката и додатоците во бордо боја се огромен хит периодов, а бидејќи станува з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg