Моделот со Даунов синдром за прв пат ќе стапне на модната писта
Меделин Стјуарт, 18-годишниот австралијански модел штотуку доби нова модна задача оваа есен. Таа ќе има можност да чекори на модната писта во Њујорк, за време на Њујоршката модна недела во септември.
Стјуарт ги објавила возбудливите новости на својот Инстаграм профил заеднос со изјавата: „Погодете кој ќе стане вистински модел во Њујорк за Њујоршката модна недела“. Меѓу другото, таа изјавува и точно за која модна куќа ќе зачекори на модната писта – FTL MODA.
Брендот од друга страна, на својот Фејсбук профил изјавил: „Ова за нас претставува најголема радост и гордост што можеме да кажеме дека Меделин Стјуарт ќе учествува на нашето шоу. Убавата Меделин ќе заблеска на модната писта во Vanderbilt Hall на 13-ти септември“.
Оваа година за моделот со Даунов синдром се покажа како прилично успешна. Добила две големи модни задачи со појавувањето на националните рекламни кампањи за американскиот фитнес бренд Manifesta и еко брендот everMaya.