Искористете ги нијансите на Бијонсе за комбинирање на облеката
Поп дивата Бијонсе покрај тоа што е една од најголемите ѕвезди денес, таа може да се дефинира и како жива легенда со оглед на тоа колку луѓе секојдневно ги инспирира за различни домашни проекти.
Досега оваа поп дива успеала да инспирира голем број на луѓе по социјалните мрежи и постојат голем број на профили и канали кои се посветени на нејзината убавина. Како што е со секојдневните комбинации, така и оние кои се резервирани само за сцената постојано го одземаат вниманието на уметниците, блогерите и фановите.
Таа нема проблем да носи силни и впечатливи бои, апстрактни и цветни дезени, чудни и несекојдневни кроеви и модели закопчани до грло.
Бијонсе едноставно може се да облече и да и стои неверојатно.
Токму затоа таа е инспирација и на Тамблр страницата Beyonce Palattes која ги вади нејзините најдобри комбинации заедно со палетата на бои кое може и вам да ве инспирираат.
Веројатно ќе се согласите дека ова е интересен начин на прикажување на комбинациите: