Направете сами: Летни очила за сонце во боја
Црните очила за сонце се класика која никогаш не излегува од мода, но зошто да не го зачините вашиот летен стил со поинакви нијанси?
Не мора да трошите пари за тоа, туку едноставно можете да ги подновите старите црни очила за сонце со неколку лакови во различни бои.
Еве како може да го направите тоа сами:
Што ви е потребно?
- Стари очила за сонце
- Стапчиња за уши
- Самолеплива трака
- Лакови во боја по желба
Постапка:
Со самолепливата трака одвојте ги површините кои сакате да бидат во различна боја.
Со посветлата нијанса обојте го горниот дел од очилата. Почекајте првиот слој на лак да се исуши, а потоа повторете ја постапката.
На истиот начин обојте го и долниот дел од очилата со потемната нијанса.
Сега имате сосема нови очила за сонце!