Супер предлози: Како да го носите летното кимоно од марама?
Летното кимоно е парче облека која секоја девојка и жена треба да го има ова лето. Се прави од една обична марама, а може да се носи за сите пригоди - преку белиот дневен фустан или омилената маичка и шорцеви.
Можете да го направите сами за помалку од 5 минути, а ова видео само ќе ви ја олесни работата.
Откако ќе го одберете омилениот дезен, време е да го вклопите со останатата гардероба.
Белиот мини фустан е прва одлична варијанта, исто како и кратките маички, шорцевите со висок струк, па дури и фармерките.
Летното кимоно е пристојно дури и за на работа, врз кошулата или маичката која е премногу разголена за во канцеларија.
За навечер, доволно ви е едно тесно фустанче, шареното кимоно и пар високи потпетици за да изгледате модерно.
Ако ви се потребни повеќе предлози, слободно украдете некоја идеја: