По стапките на мама: Ќерката на Синди Крафорд позираше за Вог Италија
Во последното издание на Италијанскиот Вог се појави и ќерката на познатиот супермодел од 90-тите, Синди Крафорд.
Во елегантното портфолио на Стивен Мајзел за модерните жени од секоја животна доба со две слики младата Каја Гербер го имаше своето деби во посериозните води на моделингот.
Таа и претходно ги има испробано водите на моделингот со фотографии за детската колекција на Версаче и интервју за Тин Вог во 2012-тата година.
Она што е поразлично сега е фактот дека го потпиша својот договор со IMG моделинг агенцијата и веќе ја имаше својата прва посериозна задача за Вог Италија, а фотографии направени од Мајзел се сон на секој модел кој посакува да биде и нешто повеќе од само обичен модел.
IMG агенцијата објави фотографија од младата Каја на својот Инстаграм профил, за да ја прослави нејзината прва поважна задача.
Може многу едноставно да се заклучи - каква мајка таква ќерка, посебно поради соработката со Мајзел. Тој стои зад неколку важни иконски фотографии на Синди Крафорд.