Ирина Шајк ја затвори ревијата на Проновиас и ја маѓепса публиката (фото)
Модната недела на венчаници во Барселона доби крај каков никој не очекуваше. На ревијата на Проновиас се појави рускиот модел Ирина Шајк во неколку фантастични венчаници, а истата ја затвори во секси креација од тантела.
29-годишната убавица најпрво се појави во раскошна бела креација со покриени раменици и наметка која буквално се влечеше зад неа. Фустанот максимално ја истакна темата на ревијата - „Си беше еднаш...“
Потоа облече комбинација од тул и тантела кој ја истакна совршената фигура со сирена кројот, додека последниот фустан со кој ја затвори ревијата беше многу посекси варијанта. Внимателно извезената тантела откриваше и сокриваше толку колку што беше доволно.
„Не ја исклучувам можноста да се омажам еден ден,“ призна Ирина, која штотуку ја започна романсата со Бредли Купер.
„Ако тој ден се оствари, сигурна сум дека венчавката ќе биде преполна со добри пријатели и најблиските личности во мојот живот,“ додава Ирина.
Последната колекција венчаници на Проновиас беше инспирирана од принцезите од бајките, па токму затоа вклучува многу чисти линии, волумен и деликатни детали.