Видови долна облека што парижанките ги обожаваат и ќе бидат хит во 2024-та
Тантела, фустан од сатен кој наликува на секси ноќница... кои се модните трендови кои ги поставуваат парижанките?
Парижанките ги поставуваат светските модни трендови, а еден од нив веќе е популарен на почетокот на 2024-та - секси долна облека која се носи во лежерни комбинации со други парчиња.
Ваквите модели ги промовираат и некои познати модни брендови, инспирирани од беспрекорниот стил на Французинките.
Кои се четирите типа секси долна облека што ја обожаваат парижанките, а ќе се носи во 2024-та?
Проѕирен топ од тантела или бралет
Секси топ од тантела во комбинација со сако и панталони е совршен избор за некој јавен настан, коктел забава или љубовен состанок.
Фустан од тантела
Фустан од тантела под кој се ѕирка долната облека е меѓу парчињата облека кои ќе бидат во тренд оваа година.
Доколку сметате дека сте премногу голи во овој фустан, можете да го дополните изгледот со палто во истата боја или во некоја спротивна нијанса за да му дадете убав контраст.
Сатенско боди
Иако е долна облека, сатенското боди оваа сезона можете да го комбинирате со сатенско здолниште со низок струк, па дури и со сатенски долни пижами во истата боја кои ќе ви бидат замена за тренерки или панталони.
Секако, зависно од пригодата за која ја носите оваа комбинација, ако сте премногу голи за свој вкус, можете да додадете палто или спортска јакна и повторно да бидете во тренд.
Сатенски фустан со тенки прерамки
Сатенските фустани со тенки прерамки потсетуваат на секси ноќници од сатен, а се модерни веќе неколку години.
Зависно од моделот, можете да изберете да го облечете едното или другото, никој нема да ја забележи.
А и да забележи, секогаш можете да кажете дека парижанките го промовираат овој тренд.
А. Ј. | Црнобело